Честитка од претседателот Пендаровски до христијанските верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Христовото Раѓање – Божиќ, упати честитка до д-р Киро Стојанов, скопски бискуп и струмичко-скопски епарх и до сите верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар.
Почитувани,
Дозволете да упатам искрени честитки на сите верници кои го празнуваат големиот христијански празник, Христовото Раѓање – Божиќ по Грегоријанскиот календар.
Божиќ, како еден од најсветлите и највозвишените денови во христијанството, нè потсетува на основните човечки вредности, да живееме во мир и во хармонија, да бидеме чесни и достојни, солидарни и правдољубиви. Овој голем христијански празник во нашите срца вселува радост, љубов и надеж.
Во овие тешки времиња на предизвици и пандемија, добро е да се потсетиме дека светлината на Христовото Раѓање нè обединува во вербата и во добродетелството, бидејќи со надеж и со љубов се победуваат и најтешките искушенија.
Како одговорни граѓани, во празничните денови што следат, да бидеме и понатаму внимателни, чувајќи го и заштитувајќи го сопственото здравје, а со тоа и здравјето на нашите најблиски.
Ви посакувам Божиќ да го поминете во добро здравје, меѓу своите најблиски.
Честит Божиќ!
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Неколку илјади деца учествуваа на бадниковите поворки…
Неколку илјади деца во повеќе градови денеска…
Прославите за Бадник и Божиќ во Бигорскиот…
Бигорскиот манастир ќе биде домаќин на свечените…
Пет земји во кои е забрането да…
Иако Божиќ во многу делови од светот…
Католиците и дел од православните го слават…
Католичките верници и дел од православните христијани,…
Католиците денеска го празнуваат Бадник, утре Божиќ:…
Католиците ширум светот денеска го слават Бадник,…