Честитка по повод еврејскиот празник Јом Кипур од македонската претседателка
Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, упати порака до претседателот на Еврејската заедница Пепо Леви и до сите нејзини припадници, по повод одбележувањето на еврејскиот празник Јом Кипур.
Дозволете ми на сите припадници на Eврејската заедница во Македонија да ви посакам „денот на деновите“, најсветиот еврејски празник – Јом Кипур да го поминете во мир и хармонија, во добро здравје и во радост и љубов. Одбележувањето на празникот на покајувањето и искупувањето, со молитва и пост, ни ја посведочува длабоката и жива духовност на Еврејскиот народ. Горди сме што иако мала, еврејската заедница во Македонија, суштински придонесува за нашето општество чувајќи ги сопствените традиции и крепејќи ги заедничките вредности, соживотот и заедништвото, стои во честитката на Сиљановска Давкова.
Натаму таа додава, „да го избегнеме вителот на светските геополитички искушенија и надминеме домашните премрежија. Да останеме сплотени и солидарни неуморно работејќи на просперитетот и напредокот на нашата татковина“.
Мојата порака ја завршувам со традиционалниот поздрав за Јом Кипур – G’mar chatima tova, стои во пораката на претседателката Сиљановска Давкова по повод еврејскиот празник Јом Кипур.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Артан Груби нема албански пасош
Артан Груби нема албанско државјанство, изјави за…
Во Бугарија има политичари подготвени да соработуваат…
Во Бугарија има политичари кои – и…
Трајчулески: Бегството на Груби е страшна порака…
Државата и институциите на системот целосно затаиле…
Филипче ги повика партиите на создавање на…
Лидерот на СДСМ, Венко Филипче на прес-конфереција…
Пет земји во кои е забрането да…
Иако Божиќ во многу делови од светот…