Објавено на:

Четири лица се уапсени во седум случаи на семејно насилство за 24 часа

t

Полицискиот билтен повторно бележи загрижувачки број на пријави за семејно насилство. МВР регистрирало седум одделни случаи во четири различни градови, а четири лица се веќе лишени од слобода.

Во Тетово, полицијата интервенирала двапати во текот на вечерта. Најпрво, околу 21:30 часот, 31-годишна тетовчанка пријавила физички напад од нејзиниот врсник и сопруг И.М., кој веднаш бил приведен. Нешто подоцна, во 23:00 часот, 23-годишна девојка пријавила психичко и физичко малтретирање во семејниот дом од нејзиниот невенчан сопруг Ф.Р. (23), по што и тој завршил во полициска станица.

Идентичен епилог имало и во Куманово и Кичево. Во кумановско е уапсен 32-годишниот М.М. поради подолготрајно физичко малтретирање и закани кон неговата сопруга. Во Кичево, пак, ноќеска во 02:45 часот слободата му е одземена на Е.Б. (44), откако неговата 41-годишна сопруга пријавила дека претходната вечер била физички нападната во нивниот дом.

Во Скопје се регистрирани три поспецифични случаи. Во Центар, 38-годишниот А.С. агресивно се однесувал кон својата 57-годишна партнерка и нејзината мајка, за што е повикан на службен разговор. Во Шуто Оризари, малолетник пријавил дека бил физички нападнат од Р.Н., кој му бил назначен како згрижувач од Центарот за социјални работи. Во Ѓорче Петров, пак, 64-годишен маж конечно пријавил дека пред неколку месеци (во јануари) бил тепан од неговиот 34-годишен син.

Од МВР информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на сите седум случаи, по што против сторителите ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За 8 март дури осум пријави за…

На 08.03.2026 во 23:00 часот во Скопје,…

Лишен од слобода насилник кој ја нападнал…

Лишен од слобода насилник од охридско, во…

Судска постапка за пет деца за ужасното…

Основното јавно обвинителство Скопје до судијата за…

Го натепале затоа што им рекол дека…

МВР го потврди настанот со претепаното лице…

Агресивен зет со тврд и остар предмет…

Синоќа во Штип, полициски службеници го привеле…