Чешка вели дека нема пари за одбрана за да ја исполни целта на НАТО
Владата на Чешка, предводена од Андреј Бабиш, нема да ја исполни обврската на НАТО за издвојување најмалку 2 отсто од БДП за одбрана.
За 2026 година, издвојувањата ќе достигнат околу 6,3 милијарди евра, односно 1,7 проценти од БДП, пренесе „Дојче Веле“.
За да го достигне таргетот, владата планира во одбранбени трошоци да вклучи и инфраструктурни проекти, како автопати и железници. Буџетскиот дефицит е зголемен на над 12 милијарди евра. Владата ги насочува средствата кон социјални мерки и субвенции за електрична енергија, наместо кон одбрана. „Одбраната е приоритет, но нема да ја загрозиме економијата и социјалниот мир“, изјави Бабиш. Според него, максимумот што Чешка може да си го дозволи е околу 2,1% од БДП. Според договор од 2025 година, членките на НАТО треба да стигнат до 3,5 отсто од БДП за одбрана до 2035 година, плус дополнителни 1,5 проценти за инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Чешка вели дека нема пари за одбрана…
Владата на Чешка, предводена од Андреј Бабиш,…
Продолжува драмата со кравите во Крива Паланка…
Надворешната канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка…
Војната во Иран води до поскапување на…
Конфликтот во Украина предизвика значително зголемување на…
Опасна ескалација: Хутите влегуваат во војната против…
Хутите во Јемен, поддржани од Иран, го…
Македонија во изменет состав против Ирска
Македонската фудбалска репрезентација во вторник ја очекува…