Чешка ја праша ЕУ: Дали со францускиот предлог велите дека сите словенски народи сме учеле погрешна историја, а бугарската е всушност вистинита?

t

Чешка е многу вонземирена од Франција и Бугарија, зашто за францускиот предлог за кревање на бугарското вето за почеток на пристапните преговори на Македонија со ЕУ не биле консултирани другите земји-членки.

Франција се консултирала само со Бугарија, а другите земји не знаеле сèдодека предлогот не им бил претставен, рече Јана Јузова, истражувач во чешкиот институт Еуропеум, повикувајќи се на разговори со Министерството за надворешни работи на Чешка, на денешниот форум на скопскиот Институт за европска политика (ЕПИ).

Од 1 јули Чешка претседава со Европскиот совет, а претседателството го презеде од Франција. Чешка и поголемиот дел земји-членки на ЕУ ги сфаќаат сериозните проблеми што постојат со овој проблем и зошто тој е неприфатлив и зошто, всушност, е многу штетен за да го прифати Македонија.

Никој не ја следи состојбата во Македонија со спокојство. Загрижена сум каква ситуација ние како ЕУ креираме со овој предлог.

Чешкиот став кон ова би бил да направи што помала можна штета за да ги надмине негативните ефекти, и да осигура дека ова нема да стане преседан. Зашто, каков било компромис и да се постигне нема да биде добар, нема да биде нешто со кое Македонија ќе биде задоволна и може само да шпекулираме за последиците што ќе ги има на крајот.

Но, треба да осигураме да не се постави преседан за да другите земји-членки на ЕУ во иднина направат исто такво нешто како Бугарија, рече Јузова од невладината огранизација чиј фокус е европската инреграција и кохезија, а на која еден од најголемите донатори е Министерството за надворешни работи на Чешка.

Таа кажа и дека раздвојувањето на почетокот за пристапни преговори на Албанија и Македонија сега не е на маса, оти чешката позиција е дека раздвојувањето би било само легитимизирање на бугарското вето.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Касами со албанско знаме го пречека таткото…

Градоначалникот на Тетово Билал Касами Денес во…

Спасовски за говорот на претседателката Сиљановска-Давкова: „Не…

Пратеникот од СДСМ и поранешен министер за…

Мециновиќ: Давкова да престане да биде „министер…

Морам да напоменам дека обраќањето не беше…

Мицкоски најави проширување на истрагата за „Државна…

Истрагата за државната „Лотарија“ се проширува. Злоупотребите…

Ватикан: Што значи Светата година 2025?

Теологот од Аугсбург, Јорг Ернести добро се…