Членот на Судскиот совет Зоран Герасимоски поднесе неотповиклива оставка од в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители

t

Членот на Судскиот совет на Република Македонија Зоран Герасимоски поднел неотповиклива оставка од функцијата в.д. директор на Академијата за судии и јавни обвинители.

Герасимовски, ова го соопшти на почетокот на денешната седница на Судскиот совет, на чиј дневен ред е избор на претседател на Судскиот совет и се иззема од гласањето за избор на нов претседател.

– Едногласно бев избран за в.д директор на Академијата, до избор на директор што ќе се случи во среда, а со цел да не дојде до застој на работите во Академијата. Согласно упатствата на ДКСК дека со мојот избор има судир на интереси денеска ја доставив мојата неотповиклива оставка од функцијата, изјави Герасимоски.

Со цел да не се наруши угледот на функцијата, Герасимоски посочи дека оставката е неотповиклива.

Пред неколку дена оставка си поднесе и Павлина Црвенковска од позицијата претседател на Судски совет.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

НАМЕСТО КОНТРОЛОРИ НА ЛЕТАЊЕ М-НАВ ЗА СЕКОЈ…

По добиена согласност од Министерството за финансии,…

Макрон ја отфрла идејата на Трамп за…

Францускиот претседател Емануел Макрон синоќа изјави дека…

Левица по третпат бара Надзорна расправа за…

Утре, Постојаната анкетна комисија за заштита на…

Гувернерот Славевски се пожали дека многу го…

Гувернерот Трајко Славевски во неговата објава на…

Полнете ги резервоарите – од полноќ поскапување…

Цените на горивата од вечерва на полноќ…