Човек се обидел да прегази работници во Кисела Вода

t

Во СВР Скопје вчеравечер во 20:00 часот било пријавено дека неколку часа претходно човек се обидел да прегази работници на градилиште во Кисела Вода.

Според пријавата од 56-годишниот Н.К од Скопје, околу 14:15 часот, И.Д. од Скопје најпрво им се заканувал на двајца вработени кои работеле на објект во изградба. По вербалните закани, тој го стартувал патничкото возило „форд“ и се обидел да ги удри, но во тоа не успеал.

– Потоа, со возилото удрил во автомобил „сеат леон“ со скопски регистарски ознаки, кој бил паркиран пред објектот. Од силината на ударот, „сеатот“ се придвижил и удрил во друго паркирано возило „фолксваген поло“- велат од МВР.

Од Министерството информираат дека се преземаат мерки за целосно расчистување и документирање на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Човек се обидел да прегази работници во…

Во СВР Скопје вчеравечер во 20:00 часот…

Одземени возила на две лица во Тетово,…

На 14.02.2026 во 21:05 часот на регионалниот…

Уапсен крадец на соларни панели во Росоман

На 13 февруари 2026 година во 10:10…

Малолетник од Битола со возило удрил во…

Петнаесет возачи се лишени од слобода вчера…

Ѝ рекла дека ќе почнат бизнис: Кавадарчанка…

На 13.02.2026 во 11:50 часот во ОВР…