Чурлинов: Веруваме во нашиот квалитет и победата
Напаѓачот на македонската репрезентација, Дарко Чурлинов кој одмараше против Гибралтар, е подготвен да го даде максимумот против Грузија за победа во Скопје. Чурлинов е уверен дека можеме до три бида, секој меч е клучен и важен, а целта е да се заврши на првото место.
„Веруваме во нашиот квалитет, Грузија е сериозен противник, но ако ги одработиме задачите кои ги добивме од селекторот, мислам дека нема да имаме проблем во четврток да победиме. Последните два натпревари беа малку поинакви, не мислам дека нивото ни беше ниско, туку кога играш против позатворени противници и сѐ што гледаш е само да земеш три бода. Целта е да се заврши на првото место, тоа е најбитно во моментов. Размислуваме само за Грузија, не мислам дека овој меч е клучен, секој меч е клучен и на секој натпревар треба да се победи и да се освојат три бода – изјави Чурлинов.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Префрлени над 147 милиони денари: Црвениот крст…
Во рамките на апелот на Црвениот крст…
Градското собрание на Лос Анџелес осветлено во…
Градското Собрание на Лос Анџелес во американската…
Гаши на средба со Алиев: Азербејџан работи…
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија,…
Вистината за Кочани: ВМРО-ДПМНЕ да каже колку…
Речиси четири месеци Мицкоски и Тошковски ја…
На „Табановце“ уапсени двајца бугарски државјани
Вчера во 5:30 часот на граничен премин…