Шарените не можат да го заборават: Да прашаме кога во времето на Груевски дете беше дискриминирано до степен да не можеше да оди во училиште?

t

Опседнатоста на шарените со екс премиерот Никола Груевски е очигледна.

Станува збор за луѓе кои сторија се за да го сменат од власта, за сите потоа да ја платиме цената, да живееме полошо, да се смени името, да се распродаде историјата, да се воведе двојазичност и да се случи се за што предупредуваше екс-премиерот.

Но како што напоменавме очигледно не можат да го заборават, па така твитерџијата Др. Арсланагич сподели Твит во кои објави слика од екс премиерот и неговата сопруга како го носат своето дете на училиште, но и од претседателот Пендаровски кој ја носеше Ембла на училиште.

Да потсетиме дека претседателот Стево Пендаровски ја однесе малата Ембла во училиштето во Гостивар, каде таа претходната недела беше оставена сама да ја следи наставата, поради бојкот од страна на родителите на нејзините соученици. Тие преку петиција информираа дека нема да ги пуштат децата на настава поради „агресивност на ученичката Ембла“, која има Даунов синдром. Ваквиот потег предизвика лавина реакции во јавноста и ги крена институциите на нозе.

Сепак споредбата во најмала рака е невкусна имајќи во предвид дека Груевски на сликата во училиште го носи своето дете, а во негово време никогаш не се случи ваков еклатантен пример на дискриминација во училиштата.

Иако дел од медиумите ја објавија пропагандата на Пендаровски сепак потегот на претседателот не успеа да го сокрие срамот на Владата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кривични пријави за тројца од Подградец кои…

Албанската полиција поднела кривични пријави против тројца…

(Видео) Гори кај Богданци, се слушаат детонации…

На социјалната мрежа Х се појавија видеа…

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Таравари постави за директорка докторка која има…

Докторката Севдије Коџа добила решение од министерот за здравство Арбен…

(Видео) Меџити: Иван Стоилковиќ не е важен…

Иван Стоилковиќ не е важен и не…