Швајцарската полиција уапси еден од сопствениците на барот во Кран-Монтана
Швајцарската полиција уапси еден од сопствениците на барот во Кран-Монтана, каде што во пожарот во новогодишната ноќ загинаа 40 луѓе, од кои повеќето под 20 години. Медиумите објавија дека Жак Морети е притворен поради ризик од бегство.
Во пожарот во барот „Ла Констеласион“ беа повредени 116 луѓе. Оваа недела се откри дека пет години не биле направени безбедносните проверки во барот.
Против Жак Морети и неговата сопруга Џесика, кои заедно го водеа барот, е покрената кривична истрага. Тие се осомничени за убиство од небрежност, предизвикување телесни повреди од небрежност и за палеж од небрежност, соопшти обвинителството на кантонот Вале. Се верува дека една од најголемите трагедии во историјата на Швајцарија била предизвикана од прскалките поставени на шишиња шампањ кога премногу биле приближени до плафонот, при што се запалила пената за звучна изолација.
Меѓу жртвите на пожарот имаше државјани на Швајцарија, Италија, Романија, Турција, Франција и Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Швајцарската полиција уапси еден од сопствениците на…
Швајцарската полиција уапси еден од сопствениците на…
Македонија трпи штети од грчките блокади
Испораката на стоки доцни, растат и цените…
Мицкоски не се извинува – не ја…
Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски…
НАТО подготвува план за одбрана на Гренланд…
Членовите на НАТО побараа од алијансата да…
Поглаварот на МПЦ-ОА г. Стефан приреди традиционален…
Традиционален божикен ручек за државниот врв приреди…