Шведска во НАТО но со два услова, да нема бази и нуклеарно оружје на нејзина територија
Шведската владејачка Социјалдемократска партија вчера објави дека го поддржува влезот на земјата во НАТО, но со два услова – на нејзина територија да нема нуклеарно оружје, ниту постојани бази на тој воен сојуз.
„Претседателството на Социјалдемократската партија одлучи да работи на апликацијата на Шведска за членство во НАТО, а доколку биде прифатена, ќе ја задржиме резервацијата за распоредување нуклеарно оружје и постојани бази на НАТО на наша територија“, објави Би-Би-Си во соопштениет, по партиската лидерска средба.
На прес-конференцијата што следеше, премиерката Магдалена Андерсон рече дека одлуката за аплицирање за членство во НАТО не е насочена против Русија, туку е оценета како најдобра за Шведска.
Ако Шведска биде единствената во балтичкиот регион што ќе остане надвор од НАТО, ќе биде многу ранлива, рече Андерсон.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Битолското обвинителство отвори предмет за мртвата мечка…
Основното јавно обвинителство од Битола денеска по…
Научниците тврдат дека ја решиле мистеријата на…
Мистеријата за „вонземскиот“ сигнал откриен во 2022…
УХМР со предупредување: Врнежи од дожд и…
Утре во попладневните часови во западните делови…
Осомничениот за експлозијата на автомобилот пред хотелот…
Осомничениот за експлозијата на електричното возило „Tesla…
Американски воен аналитичар: Во случај на војна…
НАТО ќе биде демилитаризиран една деценија во…