Шведска следната недела ќе ги укине ковид ограничувањата

t

Шведска следната недела ќе ги укине ограничувањата воведени за спречување на ширењето на пандемијата и покрај рекордниот број заразени, бидејќи смета дека вакцинацијата со трета доза ќе ја задржи хоспитализацијата на прифатливо ниво.
Сегашните ограничувања, кои вклучуваат рано затворање на баровите и рестораните и ограничување на собири до 500 луѓе во затворени простории, беа продолжени минатиот месец до 9 февруари.

Време е повторно да се отвори Шведска, рече премиерката Магдалена Андерсон на прес-конференција.

Таа додаде дека стапките на зарази ќе останат високи долго време, но, како што рече, „најлошите последици од инфекцијата се зад нас“.

Погодена од многу заразната варијанта Омикрон, Шведска постојано регистрира нови дневни рекорди на заразени, што го оптоварува здравствениот систем, иако помалку отколку во претходните бранови.

Кога започна пандемијата, Шведска избра посебен пристап, помалку строг отколку во другите земји, главно потпирајќи се на самодисциплината на луѓето во почитувањето на физичката дистанца и хигиенските мерки, но постепено почна да спроведува и построги ограничувања.

Препораките за вакцинација и изолација на заразените дома ќе останат во сила, а ќе бидат многу построги за невакцинираните – изјави министерката за здравство Лена Халенгрен на прес-конференцијата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Осум и шестгодишно дете исчезнаа во Грција

Грчката полиција трага по две деца кои…

Иран се пофали со ракети со боеви…

Церемонијата на испорака одржана во петокот ја…

Белата куќа: Длабоко сме загрижени поради израелскиот…

Белата куќа денеска соопшти дека е „длабоко…

(Видео) Опозицијата во Белград ја блокира железничката…

Златко Кокановиќ, кој се бори против Рио…

Циркус коалиција: ВРЕДИ без поддршка од ВМРО-ДПМНЕ

Коалицијата „Вреди“ не доби поддршка од ВМРО-ДПМНЕ…