Шекеринска: Македонија мора да го искористи кредибилитетот во НАТО за деблокада на патот кон ЕУ
Кредибилитетот што Северна Македонија го изгради како сигурен, одговорен и рамноправен сојузник во НАТО треба мудро да се искористи за надминување на билатералните предизвици и за откочување на процесот на европска интеграција. Ова го истакна заменик генералната секретарка на НАТО, Радмила Шекеринска, во ексклузивно интервју за 4tv.mk, реализирано за време на Самитот на НАТО во Анкара.
Одговарајќи на прашањето дали бугарското вето и застојот во евроинтеграциите можат да влијаат врз односите меѓу двете земји како сојузници во НАТО, Шекеринска нагласи дека Алијансата не навлегува во билатералните прашања меѓу своите членки. Сепак, според неа, самото членство во НАТО ѝ дава на Северна Македонија силна дипломатска позиција.
„Во оваа Алијанса сите сме еднакви. Кредибилитетот што го создаваме во НАТО и влијанието што го имаме како рамноправна членка секогаш отвораат можност за пријателски и сојузнички разговор за одредени проблеми. Тоа е предност што треба да се користи секој ден“, изјави Шекеринска.
Таа потенцираше дека доследното исполнување на обврските преземени во рамките на НАТО испраќа силна порака и до земјите-членки на Европската Унија, бидејќи покажува дека државата е доверлив и сериозен партнер.
„Кога покажуваме дека испорачуваме резултати и дека го реализираме тоа што сме го ветиле, тогаш и земјите-членки на Европската Унија нè гледаат како зрела и одговорна држава. Тоа е капитал што сме го стекнале низ тежок процес и мора паметно да го искористиме во интерес на нашата европска иднина“, нагласи Шекеринска.
Таа оцени дека угледот кој Северна Македонија го ужива во НАТО претставува важен дипломатски ресурс што може да придонесе за отворање на дополнителен простор за дијалог и надминување на пречките на патот кон полноправно членство во Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шекеринска: Македонија мора да го искористи кредибилитетот…
Кредибилитетот што Северна Македонија го изгради како…
Повеќе од 200.000 лажни кондоми откриени во…
Лажно декларирани како играчки, повеќе од 200.000…
Без вода и без струја утре повеќе…
Без вода утре од 8:30 часот до…
Филипче: Платфорамата најмногу потсетува на ЗНАМ –…
Платформата што се промовира надвор од СДСМ…
„Мета“ тврди дека се соочува со казна…
Мета изјави дека може да се соочи…