Објавено на:

Шефот на украинската разузнавачка служба: Путин сака да направи Северна и Јужна Кореја од Украина

t

Русија се обидува да ја подели Украина на два дела за да создаде регион под контрола на Москва откако не успеа да ја окупира целата земја, рече шефот на украинската разузнавачка служба Кирило Буданов.

– Тие се обидуваат да создадат Северна и Јужна Кореја во Украина, рече Буданов.

Тој додаде дека Украина наскоро ќе започне герилски акции на територијата под руска окупација, пренесува Би-Би-Си.

Руската војска во петокот соопшти дека отсега ќе се фокусира на „ослободување” на источна Украина, велејќи дека ги исполнила првичните цели на „воената операција” во Украина.

– Борбените способности на украинските сили се значително намалени, што ни овозможува да се фокусираме најмногу на главната цел: ослободување на Донбас, изјави во петокот заменикот-началник на Генералштабот на руската војска Сергеј Рудској.

Тој рече дека 93 отсто од територијата на регионот Луганск и 54 отсто од територијата на регионот Доњецк се под руска контрола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Трамп номинираше противник на воената помош за…

Американскиот претседател Доналд Трамп го номинираше Мајкл…

Орбан: Мирот во Украина е „на дофат“,…

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека…

Рускиот амбасадор Баздникин повикан во МНР: Врачена…

Попладнево, во Министерството за надворешни работи и…

Зеленски: Европа не може да ја спаси…

Украинскиот претседател Володимир Зеленски ги повика Европејците…