Шокантни бројки: Македонците веќе се во ЕУ – 216.000 граѓани имаат бугарски пасоши
Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, се огласи на социјалните мрежи испраќајќи порака до неговите колеги во Македонија дека тие заедно со уште 216 000 македонски граѓани кои се бугарски државјани и се изјасниле дека имаат бугарско потекло-веќе се во ЕУ и не е проблем влез во ЕУ.
Ковачев наведува дека тажно е за оние граѓани кои се уште веруваат. Вели, од друга страна не забораваат да оддадат почит на српските и југословенски окупатори..
Андреј Ковачев-бугарски европратеник од ГЕРБ
„На прв поглед изгледа шизофренички. Не сакаат да слушнат за внесувањето ан Бугарите во Уставот, а повеќето од нивните семејства имаат бугарско државјанство. Најважно е што државјанството е добиено врз основа на докажано бугарско потекло и декларација за бугарска самосвест со која и најблиските се заведени како Бугари-мајка, татко, брат, сестра… Подготвени се да етикитираат „источен сосед“, „татари“, „бугарски фашистички окупатор“… во истовреме во џеб кријат бугарски пасош.“
Претходно, Томас Вајц изјави дека Македонија се уште е блокирана од Бугарија, а прашањата поврзани со идентитетот го блокираат напредокот, изрази надеж дека по локалните избори ќе се направат потребните уставни измени за вклучување на Бугарите во Уставот како малцинство. Вајц посочи дека со ова ќе започнат преговорите, а истите треба наскоро да се започнат за се одржи земјата на вистински пат.
И претседателка на ЕК, Урсула фон дер Лајен посочи дека уставните измени се единствената алатка за деблокада на европскиот процес.
За земјите од Западен Балкан, за Црна Гора се прогнозира дека до 2029 година би станала 28 членка на ЕУ, со образложение дека брзо ги спроведува реформите. Веднаш потоа, следи Албанија која напредува и во борбата против корупцијата и владеење на правото. Додека пак, за Босна и Херцеговина, Вајц напоменува дека е во тешка ситуација поради, како што вели „недостигот на модерна граѓанска држава“. Србија и Косово, пак, ќе морат да се помират и да се реализира меѓусебно признавање-во спротивно, според Вајц, ќе останат блокирани на патот кон Европската Унија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шокантни бројки: Македонците веќе се во ЕУ…
Бугарскиот европратеник, Андреј Ковачев, се огласи на…
Левица: Касами ќе го спасува криминалецот Дехари…
Jавно изразената поддршка на Билал Касами за…
Ахмети: Не изгубив на избори за да…
Демократската унија за интеграција (ДУИ) во партиското…
(Видео) Ни се заканува катастрофа! 111 илјади…
Актуарот Ристо Бајатов предупредува на остар демографски…
Влен со нов удар за Мицкоски: Наместо…
По изјавата на тетовскиот градоначалник Билал Касами,…