ШОУ: Ибрахимовиќ ја „запали“ атмосферата и го скрши стаклото на клупскиот автобус! (Видео)

Голем број навивачи на Милан се појавија на „Сан Сиро“ и ги пречекаа своите миленици пред еден од одлучувачките натпревари против Аталанта. Лидерот во Серија А ја оствари целта и победи со 2-0, со што ја задржа лидерската позиција на табелата.
Пред, за време и по мечот атмосферата која ја приредија домашните навивачи беше фантастична. Дополнителна „инјекција“ добија од Златан Ибрахимовиќ, кој побара од нив да направат шоу, а притоа успеа да го скрши стаклото од клупскиот автобус.
Милан има два бод предност пред Интер, а во последното коло од сезоната ќе гостува кај Сасуоло, па доколку не загуби ќе освои скудето по пауза од цели 11 години.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Во 59 минута најтажниот громогласен аплауз во…
На почетокот од 59. минута од вечерашниот…
Трамп забрани трансродови лица да учествуваат во…
Американскиот претседател Доналд Трамп потпиша извршна наредба…
Министерот Борко Ристовски најави нови капитални проекти…
Македонскиот спорт многу брзо ќе ги почувствува…
Спектакуларен дочек на српските олимпијци во Белград
Српските спортисти кои се вратија со медали…
Леброн, Халанд, Тоти, Нејмар, Крис Пол: Светските…
Србија горда, Новак Ѓоковиќ успеа да го…