Објавено на:

Шпанец евакуиран од „Хондиус“ позитивен на хантавирус

t

Шпанец кој е во карантин во Мадрид откако бил евакуиран од крузер на Тенерифе е позитивен на хантавирус, соопшти Министерството за здравство.

Останатите 13 Шпанци кои се во карантин во истата воена болница се негативни на вирусот, се вели во соопштението.

Пациентот е асимптоматски и во добра здравствена состојба, соопшти Министерството за здравство, додавајќи дека се во тек дополнителни тестови. Конечниот резултат ќе биде познат во наредните часови, пренесува Срна.

Крузерот „MV Hondius“ исплови од Тенерифе, на Канарските Острови, откако последните шест патници и преостанатите членови на екипажот беа евакуирани од бродот.

Крузерот се упатува кон Холандија, каде што ќе биде дезинфициран.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шпанец евакуиран од „Хондиус“ позитивен на хантавирус

Шпанец кој е во карантин во Мадрид…

Министрите му вртат грб на Стармер —…

Двајца членови на британската влада поднесоа оставки…

Филипче до Муцунски: Имало или немало средба,…

Зошто Тимчо Муцунски криеше дека денеска имал…

Трамп ја суспендира федералната такса на бензин…

Претседателот на САД, Доналд Трамп, изјави дека…

Новата бугарска министерка за надворешни го почна…

Бугарската министерка за надворешни работи Велислава Петрова…