Објавено на:

ШПИГЕЛ: Руски хакери напаѓаат страници на германски државни институции и аеродроми

t

Руски хакери ги напаѓаат сајтовите на германските власти, институции и аеродроми, тврди германското списание „Шпигел“, повикувајќи се на интерниот извештај на надлежните органи.

Од кибер нападите, меѓу другото, се погодени и федералната полиција, неколку провинциски полиции, Бундестагот, Министерството за одбрана, но и партиската веб-страница на канцеларот Олаф Шолц.

Некои сајтови, како што се на Бундесверот и Министерството за одбрана, беа привремено затворени поради нападот.

Група хакери по име „Килнет“ ја презеде одговорноста преку Телеграм за кибер нападите.

Германските власти сметаат дека оваа активност на „Килнет“ е одмазда за испораката на оружје во Украина.

Инаку, „Килнет“ преку сопствените Телеграм канали бараше доброволци за виртуелна борба и нудеше за услугите, согласно јачината, од 50 до 3.000 долари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Украински мрежи: Русија зазеде 3.600 км квадратни…

Областа е приближно со големина на шпанскиот…

Вучиќ: Очекуваме документи за американските санкции кон…

Претседателот на Србија Александар Вучиќ денеска изјави…

По нападот на Божиќниот пазар во Магдебург…

По нападот на Божиќниот пазар пред две…

ЕСМ потроши 48 милиони евра за набавка…

Речиси педесет милиони евра државата плати за…

„Тајмс“: НАТО побарало Велика Британија да ги…

НАТО побарало Велика Британија да ги засили…