Објавено на:

Што правел Коста тоа утро? Мајката со своја верзија за тоа каков бил нејзиниот син во исказот за полицијата

t

М.Кецмановиќ беше сослушана во полиција откако Првото основно јавно обвинителство во Белград по службена должност наредило нејзино испитување за да се утврди дали го напуштила или малтретирала нејзиниот син пред тој да го изврши масакрот во училиштето.

Како што дознава „Блиц“, мајката на момчето низ солзи го опишала како болешлив и паметен и нагласила дека ништо не укажувало дека може да стане масовен убиец. Сега останува на обвинителството да открие колкава вистина има во нејзините зборови во продолжението на истрагата.

Деновите пред злосторството
Изворот на „Блиц“ вели дека пет дена пред масакрот Коста бил надвор од градот со другар и со неговата мајка. Таму заедно го поминале 1 мај, по што се вратиле во Белград.

Мајката рече дека момчето се вратило во Белград со другарот и мајка му, додека таа, сопругот и ќерката биле во друго возило. Момчето, како што рече, дошло дома еден час пред нив и се туширало кога пристигнал остатокот од семејството. Таа тврди дека не забележала промени во неговото однесување, вели соговорникот на „Блица“.

Ден подоцна, на 2 мај, момчето и неговата сестра не отишле на училиште, туку биле во посета кај бабата и дедотп, а вечерта се вратиле и заедно гледале филм.

Мајката се сеќава дека момчето во еден момент отишло во продавница да купи намирници, но дека и тој ден не видела ништо чудно во неговото однесување. Наводно, со родителите разговарал за филмот што го гледале и за други теми што го интересираат, вели изворот на „Блица“.

На денот на масовното убиство
Како што дознава „Блиц“, мајката рекла дека на кобниот 3 мај станала прва за да им направи појадок на децата. Нејзиниот сопруг отишол на работа, по што таа ги разбудила. Тврди дека и тогаш не забележала ништо чудно во однесувањето на нејзиниот син, освен што бил бавен за време на појадокот и при подготвувањето.

Тој наводно ѝ рекол на мајка си да не се грижи, бидејќи учителката знае да доцни. Мајката тврди дека потоа отишла да ја однесе ќерка си на училиште, а тој останал дома и самиот се спремал.

Еден час подоцна мајката слушнала за пукањето во училиштето. Таа во полиција изјавила дека мислела дека нејзиниот син е ранет во пукотницата и веднаш отишла во училиштето каде ја дознала вистината.

Мајката вели дека била избезумена, дека сè уште ѝ е тешко да поверува дека нејзиниот син го направил ова и инсистира дека ништо не укажувало дека вакво нешто можело да се случи. Таа истакна дека и самата чезнее за објаснување и одговори, вели изворот на „Блиц“.

Детство
Мајката го опишала својот син како момче со широки интереси, кое не е импулсивно, ни енергично. Бил љубопитен и знаел да ги покаже емоциите кон неа и кон баба му преку прегратка.

Мајката вели дека последниве години не го покажувал своето незадоволство преку плачење, а кога бил помал знаел да се расплачи кога нешто не му било по волја.

Според неа, Коста бил поблизок со неговиот татко, а за него и за сестра му уште од раѓање се грижела дадилка која никогаш не се пожалила на него.

Промени во пубертетот, мобилниот телефон и апликациите
Изворот на „Блиц“ понатаму наведува дека мајката забележала одредени промени кај момчето за време на пубертетот, но дека не би ги опишала како драматични.

Мајката во полиција изјавила дека на почетокот на оваа учебна година момчето почнало да се изолира во својата соба, дека не ја заклучувало вратата, но барал од помалата сестра со која делеле соба да излезе. Тој, исто така, почнал да се заклучува во бањата, а двапати неделно, според зборовите на неговата мајка, знаел да ѝ се внесе во лице и да се искараат кога после враќање од работа ќе му преречела што не ја завршил домашната работа и дека неговата соба е хаос, а тој гледа филм или седи на телефон.

Мајката рече дека го казнувала со тоа што би му забранила да ги користи телефонот и компјутерот. Таа исто така посочи дека не го тепала момчето, освен, можеби, еднаш кога бил помлад. Таа истакна дека момчето веќе долго време не го вклучило компјутерот на кој играл игри со другарите за време на короната. Еднаш ѝ се пожалил дека поради расправија бил исфрлен од групата во која играл заедно со други деца. Мајката додала дека момчето користело Инстаграм, Снепчет, Јутјуб и Тик-Ток на мобилниот телефон и дека му го имала проверувано телефонот, вели изворот.

Во текот на второто полугодие, мајката забележала дека момчето добива пониски оценки на училиште и дека е помалку е заинтересиран, на што тој ѝ рекол дека „сè е под контрола“.

Мајката нагласила дека никој од училиштето, наставниот кадар, родителите или децата од одделението на момчето не ѝ го посочил дека тој се однесува невообичаено, освен дека имал поспесифични интереси во однос на другите деца. Таа додаде и дека и нејзината помала ќерка не забележала ништо чудно во неговото однесување, иако делеле соба, вели соговорникот на „Блиц“.

Промена на одделение
Кога Коста бил шесто одделение, во мај 2022 година, ѝ се пожалил на мајка му дека некои негови другари не го поканиле на роденден. Како што рекла пред полицијата, на неговото лице можела да види дека му е криво, по што го контактирала неговиот одделенски наставник за да види во што е проблемот.

Мајката тврди дека тогашната класна раководителка ѝ кажала дека мисли дека другите деца се љубоморни на Коста, зошто тој е поуспешен ученик и се истакнува на часовите. Таа тврди дека нејзиниот син ѝ се пожалил дека пријателите го задеваат бидејќи многу чита и не знае добро да игра фудбал. Во тој период момчето побарало да ја промени смената кога ќе почнел во седмо одделение, бидејќи околината не му одговарала. Откако тоа го направиле, според мајката момчето во текот на летото почнало интензивно да се дружи со други деца, вели изворот на „Блиц“.

По започнувањето во новото одделение, според зборовите на мајката, тој стекнал нови пријатели и ѝ рекол дека е позадоволен од порано. Дури и напишал есеј за сопствената храброст да ја промени средината.

Мајката тврди и дека после јазичниот камп во Франција, момчето многу се дружело со девојчиња, а класната раководителка после тоа ѝ пратила порака: „Честитки, вашите деца се прекрасни!“

Објаснува зошто таткото го однел да пука на стрелиште
Мајката во сведочењето раскажала и како нејзиниот сопруг, таткото на момчето, чувствувал дека треба да го запознае синот со опасностите од оружјето, бидејќи имал негативно искуство во младоста.

Таа тврди дека не се согласувала момчето да оди на стрелиште, но дека не се сомневала во размислувањето на нејзиниот сопруг, како татко, и во неговите добри намери. Рече дека нејзиниот сопруг сакал да му укаже на неговиот син за опасноста од оружјето, а во исто време да му покаже како функционира, за тоа да „не би било егзотично и предизвикувачко“. Потврди дека момчето двапати отишло на стрелиште со татко му ѝ пукало, а слушнала дека на стрелиштето има и други деца, вели соговорникот на „Блиц“.

Изразила сочувство до семејствата
Кецмановиќ на почетокот и на крајот на сведочењето повторила дека е уништена од болката за сите деца кои настрадале и за училишниот чувар, за кого дури рече и дека Коста му подарил слички што ги собрал. Рече дека верува дека нејзиниот сопруг го чувствува истото.

Таа им изрази сочувство на семејствата зошто досега немала можност и не ни знаела како да го направи тоа, вели изворот на „Блиц“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Армиски хеликоптери напомош во гаснење на пожарот…

Армиски хеликоптер се вклучи во гаснење на…

(Видео) И ОВА СЕ СЛУЧИ ОД БАЈДЕН:…

Американскиот претседател Џо Бајден го најави украинскиот…

„Влен“ ќе има седум заменици-министри, Ељфете Исмаили…

Министерот за здравство и дел од коалицијата…

ЗА МНОГУ ГОДИНИ: ДЕНЕСКА Е ПЕТРОВДЕН!

Син Јонин, брат на Андреј Првоповиканиот, од…

ПЕТРОВДЕН: Се што треба да знаете за…

Апостол Петар, познат и како свети Петар…