Штo ce cпрeмa? Boнрeдeн cocтaнok нa HATO пoрaди Рycиja

Вонреден виртуелен состанок на НАТО ќе се одржи на 7 јануари, а главна тема ќе биде, како што велат од Алијансата, „зајакнувањето на руската воена моќ“ во и околу Украина.
„Во петок, на 7 јануари, ќе се одржи вонреден виртуелен состанок на министрите за надворешни работи на НАТО. „Тие ќе размислат за зајакнувањето на руската воена моќ во и околу Украина, и пошироко, за прашањето за европската безбедност“, напиша на Твитер портпаролката на НАТО, Оана Лунгеску.
Состанокот се одржува само пет дена пред Советот Русија-НАТО, еден од трите состаноци на кои се разговара за барањето на Русија за безбедносни гаранции.
Соединетите Држави и нивните сојузници ја обвинуваат Русија дека подготвува наводна „инвазија“ на Украина и се закануваат со санкции без преседан доколку се спроведат плановите што и се припишуваат.
Русија постојано ги негираше обвинувањата за „агресивни дејствија“ на Западот и Украина, наведувајќи дека никому не се заканува и нема намера да нападне никого, а изјавите за „руска агресија“ се користат како изговор за распоредување поголема воена опрема на НАТО во близина на руската граница.
Пред крајот на минатата година беше остварен телефонски разговор меѓу претседателите на САД и Русија, Џозеф Бајден и Владимир Путин, при што беше прецизирано дека преговорите за барањето на Русија ќе се водат на три колосеци – Русија-САД, Русија- НАТО и Русија-ОБСЕ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Падна првиот договор меѓу Русија, Украина и…
Белата куќа соопшти дека САД и Русија…
Завршија преговорите меѓу САД и Русија во…
Ројтерс, повикувајќи се на руски извор, пишува…
Зеленски: Во Белата куќа го бранев достоинството…
Претседателот Володимир Зеленски денеска изјави дека го…
Стив Виткоф: Зеленски прифати да се одржат…
Специјалниот пратеник на САД за руско-украинскиот конфликт,…
При напад на руски дрон врз Киев,…
Во напад со беспилотно летало на руските…