Што ти прави сиромаштија: ГИ УКРАЛЕ СИТЕ ЗАЛИХИ НА ШЕЌЕР, БРАШНО И ЗЕЈТИН – кражба во кујна во градинка во Велес!

t

Во текот на изминатиот викенд во шестиот клон на градинката „Димче Мирчев“ од Велес, била извршена кражба од главната кујна која ги снабдува сите единици во градот со вкупно 1.200 дечиња.

Крадците ги одзеле сите залихи на шеќер, зејтин, брашно и сол од градинката која се наоѓа од левата страна на градот на десетина метри од градскиот пазар.

Според информациите станува збор за 100 килограми брашно, 10 пакети зејтин, сол, шеќер, сирење, а штетата се проценува околу 50 илјади денари.

Се очекува СВР Велес по извршениот увид да излезе со конкретни информации која вечер точно се случил грабежот и што точно е украдено затоа што градинката не работи за викенд.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Хрватска гради центар за радиоактивен отпад на…

Хрватскиот фонд за финансирање за отстранување на…

Над 13 илјади странци се вработени во…

Развојот на различните сектори на економијата и…

Апасиев до власта: Не одите уште долго…

*Објава на Фејсбук на пратеникот Димитар Апасиев:…

СДСМ: Срамота е Мицкоски да зборуваш за…

Нема дно кое Мицкоски не може да…