„ШТО ЌЕ ПАДНЕ ПРВО – КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ ИЛИ ВРЕДНОСТА НА ДЕНАРОТ?“: Величковски со остра критика за ‘четвртата економија во светот’

t

При одредувањето на кредитниот рејтинг во 2025, зголемените ризици беа лоцирани во нискиот раст на БДП во првите три квартали, упорниот буџетски дефицит, растечките делови на јавниот сектор и дополнителното трошење за поддршка на економскиот раст. Слични оценки може да се очекуваат и за 2026.

Ова го истакна денеска Ивон Величковски, лидерот на „Нова Република“ кој истакнува дека владината статистика дека сме „четврта европска економија по раст“ нуди “оптимизам” само додека не сфатиме 4 отсто раст од вредност 100 е 4, но од вредност 10 е само 0,4.

– Економија се „собра“ веќе со заминувањето на пар производители од слободните зони, кои не се заменети со нови. Инвестициите во одбранбената индустрија се уште се во најава. ФЕНИ е очигледно далеку од рестартирање, особено при вакви (циклусни) берзански цени.

Инвестициите во енергетиката се далеку од доволни за да стигнеме до цена на електрична енергија што би била евтин производен инпут. А таа учествува значајно во вкупната цена на домашниот производ, намалувајќи му ја конкурентноста.

Вештачкото држење до соц-реалистичкиот концепт на „минимална плата“ наместо работен час по дејност уште им овозможува на владите да бегаат од вистинско воведување бруто-плата и реална реформа на пензискиот и здравствениот фонд.

Концептот на политика, економија, здравство и пензии како до 1990 е неприменлив во 2026 – потенцира Величковски.

Според него, партиско-корупциското субвенционирање во земјоделството го запре ИПАРД, а порастот на трговскиот дефицит при увозот на храна и на необработените површини е производ на клепто-бирократијата во земјоделството од 2006 до денес, во континуитет.

– Всушност, се разјасни дека концептот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за субвенционирање по насадена површина, наместо по произведена количина е коруптивно-деструктивен и дека субвенциите во земјоделството практично ни се зависни од европските фондови.

Ефектот од „унгарскиот кредит“ со кинески мирис е практично незабележителен – бидејќи очигледно е „изеден“. Пензиите се покачиja, но ефекти од кредитот во локалните самоуправи и пласманот во фирмите нема. „Британското зајмење“, односно гарантирање за идните задолжувања допрва очекува проекти.

Во економија што се стеснува во интерес на администрацијата и корупцијата, очекувањето на ново задолжување за да се врати старото е рецепт за констернација на странските инвеститори во државни обврзници – нагласува тој.

Според него, намалената додадена вредност на домашниот производ е продолжително оптоварување за курсот на денарот, кој и онака се повеќе личи дека е преценет. Потоа додава дека како таков го поскапува извозот од Македонија и дополнително ја намалува конкурентноста (и потоа додадената вредност) на домашниот производ.

– Сето ова ги обесхрабрува особено малите и средните претпријатија, особено извозните. Доцнењето на повратот на ДДВ за нив е ударот што го затвора “лошиот круг”.

Континуираните избори (2024/25, очекувани и во 2026) ги успоруваат економските текови на по три месеци секоја година.

Наведеното укажува дека и кредитниот рејтинг и курсот на денарот ќе бидат под притисок.

Оттука, политичката дарежливост со оценувањето на кредитниот рејтинг со “ВВ-“ во 2026 би била исклучителна. Но не и гарантирана.

Да се соочиме со реалноста, колку и да не им одговара на традиционалните партиите. Без потребните тешки одлуки и решенија – 2026 нема да ни ги подобри ниту економските ниту демографските перформанси – заклучува на крајот од својата објава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„ШТО ЌЕ ПАДНЕ ПРВО – КРЕДИТНИОТ РЕЈТИНГ…

При одредувањето на кредитниот рејтинг во 2025,…

Буквална инвазија од 10 илјади луѓе: Расте…

Во период од последните четири години, околу…

Третиот мобилен оператор официјално се очекува на…

Неквалитетна услуга, измени на услови од претплатнички…

СДСМ: Нов доказ за акцијата на ВМРО…

СДСМ ја разоткрива координираната акција која ВМРО…

Се крчкаат измени во Законот за извршување,…

Конфедерацијата на синдикални организации обвинува дека Министерството…