Штрајк најавуваат и вработeните во управата за матични книги

t

Последна опомена за повисоки плати или штрајк на 27 април, најавија вработените од Управата за водење матични книги, пренесува Канал 5.

Бараат нов колективен договор, усогласување на платите со минималецот и скалесто зголемување на останатите плати и соодветна систематизација на вработените. Ако надлежните не одговорат за 15 дена, нема да работи ниту еден шалтер за издавање изводи.

„Ние бараме посебен колективен договор со работодавачот да се изготви и донесе кај нас. Со тоа ќе се зголемат и платите и, нормално, звањата што ги бараме а веќе долго време не се променети. Има луѓе што работат по 20 години кај нас и уште се водат како помлади референти.“- Тони Милошевски, претс. на независен синдикат на УВМК

Синдикатот вели дека од околу 500 вработени во управата, 70% земаат приходи под минималецот. Конфедерацијата на синдикални организации дава поддршка за штрајкот, од каде велат дека со години се провлекуваат истите проблеми и редно време е да најде решение.

„Се уште има кај нив вработени што земаат плата под минималната, за жал. И со мартовската плата има вработени кои земале 14.700 денари. Се уште не е порамнета. Апелираме да се најде решение.“- Марјан Ристески, претседател на КСОМ

По дводневниот предупредувачки протест минатата недела, пак, вработените од управата и правосудните органи продолжуваат со нормално функционирање. Првиот човек на УПОЗ, Трпе Деаноски, за Канал 5 кажа дека сега чекаат повик од Владата за нова средба. Ако не се договорат до 1 мај, не се исклучува можноста за генерален штрајк.

Извор: Канал 5

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…

Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…

Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…

Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…

Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…

МАКЕДОНИЈА НА УДАР ОД ГЛОБАЛНИТЕ КРИЗИ: Како…

Продолжувањето на конфликтите на Блискиот Исток и…

Просторот околу Собранието прогласен за безбедносна зона…

Собранието на предлог на Владата, усвои нов…