Објавено на:

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот сообраќај во прекин

t

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е најавен штрајк на царинските службеници на грчките гранични премини Евзони (Богородица), Дојрани (Дојран) и Ники (Меџитлија) в понеделник, 27 јули.

Согласно информациите добиени од надлежните органи на Република Грција, МВР информира дека во периодот од 05:00 до 09:00 часот по македонско време (06:00–10:00 часот по грчко време), на наведените гранични премини патничките возила ќе се пропуштаат на секои 10 минути, додека, товарниот сообраќај ќе биде целосно во прекин за влез и излез од Република Грција.

Оттаму дополнуваат дека од страна на МВР ќе се преземат сите мерки и во функција ќе бидат ставени сите човечки и технички капацитети.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Штрајк на грчките цариници во понеделник, товарниот…

Министерството за внатрешни работи соопшти дека е…

Нетанјаху во вторник на средба со Трамп…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху во вторник се…

Андоновска: Се очекува до крајот на неделава…

Според информациите добиени од експертските тимови кои…

Бомбаш самоубиец уби 15 припадници на безбедносните…

Петнаесет припадници на безбедносните сили на Пакистан…

Бројот опаѓа, но не е мал: 117…

Бројот на пациенти во Гостивар опаѓа, но…