Ѓоковиќ е поголем човек oд Надал: Му честиташе, вели неверојатно достигнување, импресивна борбеност
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ му честиташе на победникот на Австралија опен, Рафаел Надал за 21. Грен слем титула, како и на организаторите на турнирот.
– На овогодинешниот Австралија опен се играше извонреден тенис, а финалето беше исклучително. Честитки до Ешли Барти за неверојатниот настап пред домашната публика и Даниел Колин за неверојатниот турнир што го одигра. Честитки до Рафаел Надал за неговата 21. Грен слем титула. Неверојатно достигнување. Секогаш импресивна борбеност, која преовладуваше и овој пат. Медведев даде се од себе и играше со страста и одлучноста што ги очекувавме од него, напиша Новак на својот Твитер профил.

Да потсетиме дека на Новак не му беше дозволено да настапува на Австралија Опен поради тоа што не бепе вакциниран, а Надал не му даде поддршка да настапува на натпреварот.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Левица: Општина Аеродом избира молк и неактивност…
„Недозволиво и крајно алармантно е што општинските…
Без струја делови на Кисела Вода
Без електрична енергија денеска од 9 до…
(Видео) Руски генерал загина во експлозија на…
Генерал-потполковник Фанил Сарваров, началник на одделот за…
Истражна постапка за Нигериецот кој со оружје…
Основното јавно обвинителство Скопје донесе Наредба за…
Златото руши рекорди, грам денес се продава…
Крајот на годината носи и рекордни цени…