Објавено на:

Ѓоковиќ има ретка болест: Српските медиуми открија зошто Новак не мора да се вакцинира

t

Новак има ретка болест, пишуваат српските медиуми, а во самиот текст се објаснува дека српскиот тенисер добил медицинско изземање поради целијакија, хронична автоимуна гастроентеролошка болест која се карактеризира со неподносливост на организмот на глутен.

Таа болест за малку ќе му ја уништеше кариерата. Станува збор за болест во која телото е нетолерантно на глутен, а за среќа Новак откри на време дека е алергичен на глутен. Ја смени исхраната и стана најдобар тенисер на денешницата, а веројатно и на сите времиња. Новак успеа да докаже дека проблемот со целијакија може да предизвика сериозни компликации доколку биде вакциниран против ковид-19. Тој сево ова го поткрепи со потврда од научници од Кембриџ во која стои дека вакцината може да му наштети, пишува „Курир“.

Уште пред да пристигне во Австралија, премиерот Скот Морисон му се закани на Новак Ѓоковиќ дека може да биде вратен назад доколку не поднесе медицински доказ поради кој не може да се вакцинира.

Кој сака да влезе во Австралија мора да ги исполни нашите барања. Кога Новак Ѓоковиќ ќе пристигне во Австралија, доколку не е вакциниран, ќе мора да покаже доказ зошто не смее да се вакцинира, за да може да добие дозвола за движење. Чекаме да се појави и да видиме какви докази ќе ни приложи. Доколку тој доказ не е доволен, нема да биде третиран поинаку и со наредниот авион ќе биде испратен дома. Не би требало да има посебни мерки за Новак Ѓоковиќ ниту за било кој друг – изјави Морисон.

Австралија Опен ќе се игра од 17 до 30 јануари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За последен пат ќе го гледаме Надал…

Шпанскиот тенисер се изјасни за својот утрешен…

Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим

Новак Ѓоковиќ го освои турнирот во Рим…

Ѓоковиќ: Ова е за мојот народ!

Рим го доживеа пишувањето на тениската историја,…

Ѓоковиќ лесно го ,,скокна” 1/8 финалето и…

Нема дилеми, Новак Ѓоковиќ е во одлична…

Ѓоковиќ: Не знам што ми е

Ѓоковиќ загуби во финалето на Србија Опен…