Објавено на:

ЃОКОВИЌ МИ ПОМОГНА ВО НАЈТЕШКИТЕ МИГОВИ ПОСЛЕ ЗАТВОРОТ: Бекер вели дека српскиот тенисер не ја добива почитта која ја заслужува

t

Победата на Новак Ѓоковиќ на финалето во Вимблдон му помогнала на Борис Бекер, познатиот германски тениски ас да ги преброди тешките денови откако излегол од затвор. Бекер, во интервју за Гардијан зборува како српскиот тенисер, на кого му бил и тренер, не ја добива љубовта и почитта кои ги заслужува.

– Тој е многу отворен, комуникативен човек кој понекогаш изгледа како тениска машина. Но, кога не е на теренот, тој е прилично шармантен. Можете со него да разговарате за бизнис, политика, музика, Новак е добро момче. Тој е и вистински тениски историчар. Тој разбира кој бил тука пред него и сака да остави свој белег. Веќе и го направи тоа. Исто така е перфекционист како и сите суперѕвезди. Сака да одигра совршен меч, што можеби се случило еднаш или двапати во неговата кариера – вели Борис Бекер.

За деновите поминати во затвор поради финансиска и даночна измама Бекер не открива многу. Но, познато е дека тој бил во исти простории со убијци и злоставувачи на деца.

– Мислев дека ќе го изгубам животот во Вандсворт. Некој, убиец што подоцна го дознав, го сакаше моето палто и сакаше пари и рече дека ќе ме убие ако не го добие.

По излегувањето од затвор, Бекер добил помош од обезбедувањето да го гледа финалето меѓу Ѓоковиќ и Ник Киргиос.

– Бев многу емотивен кога се случи тоа. Тоа беше фантастичен подвиг, а бидејќи станува збор и за мој пријател, навистина бев среќен – раскажал Бекер и така открил дека Новак и неговиот резултат предизвикале да му се поправи расположението во тешките денови.

Познатиот германски тенисер, кој и самиот освоил 6 грен слем трофеи, продолжил да зборува за Ѓоковиќ и за она што го очекувало српскиот ас, а тоа е „Ролан Гарос“.

– Би било глупаво да го отпишеме (Ѓоковиќ). Земјата не е неговата најдобра подлога, но во последните неколку години успева да има форма за „Ролан Гарос“. Сè дури е здрав и сака да игра, секогаш ќе биде еден од фаворитите за освојување на „Грен Слем“ – изјави Бекер и додаде:

– Од друга страна пак, ми се допаѓа Ник Киргиос и она што тој го носи на натпреварот. Затоа, сакам да се врати здрав и сакам да се врати со истиот став како што имаше минатата година. Затоа што тоа е одлично за тенисот.

Прашањето за тоа кога Бекер повторно ќе го краси клубот Ол-Англанд е исто така неизвесно, а извештаите укажуваат дека тој би можел да добие забрана за повторно влегување во Британија на 10 години. Не сака да каже колку долго може да трае, но помислата на продолжено отсуство очигледно боли.

– Вимблдон е мојот омилен турнир. Го имам освоено неколку пати. Дваесет пати го коментирав финалето. Порано живеев во Вимблдон. Така што клубот е многу, многу блиску до моето срце и ќе го гледам од далеку.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Кои се најголемите донатори на Трамп?

На веб-страницата Open Secrets ја најдовме актуелната…

Скопјанец агресивно се однесувал и упатувал закани…

На 20.07.2024 во Скопје, полициски службеници од…

КАЛЕНДАР НА МПЦ: Денеска го славиме Св.…

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска…

Хороскоп за понеделник (22 јули)

ОВЕН Денеска во неколку наврати ќе треба…

НА ДЕНЕШЕН ДЕН: Роден е Александар Македонски…

На денешен ден 22 јули (според некои…