Ѓоковиќ ќе мора да прескокне голем турнир поради повреда
Новак Ѓоковиќ, поради повреда, ги откажа турнирите во Торонто и Синсинати, откри директорот на канадскиот Мастерс, Карл Хејл.
Српскиот тенисер се повреди за време на последните поени од четвртфиналето на Вимблдон против Флавио Коболи, по што загуби од Јаник Синер во полуфиналето. Веќе на прес-конференцијата во Лондон изјави дека очекува да биде во оптимална форма за US Open.
Затоа, многумина и не беа изненадени кога се повлече од Торонто, но мала доза на загриженост се појави кога официјално беше потврдено дека нема да игра ни во Синсинати.
– Ѓоковиќ и Дрејпер не играа поради повреди – изјави Карл Хејл, директорот на Мастерсот во Торонто, во подкастот „Ништо битно“.
Организаторите во Канада повеќе ги разочара повлекувањето на Јаник Синер и Карлос Алкарас.
Да потсетиме, на официјалната веб-страница на Новак Ѓоковиќ следниот турнир кој е наведен е US Open, кој започнува на 24 август. Српскиот ас веќе започна со подготовките во Црна Гора.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
НОЛЕ МУ СЕ ЈАВИЛ НА ВУЧИЌ ПРЕД…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во гостување…
Ново разочарување: Ѓоковиќ елиминиран на стартот и…
Новак Ѓоковиќ продолжува со лошата форма на…
„Е*ем ти тенис“: Ѓоковиќ пцуеше, Мареј чудно…
Најдобриот тенисер на денешницата, Србинот Новак Ѓоковиќ,…
Ѓоковиќ со силна поддршка за српските фудбалери…
Најдобриот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, присуствува…
Новак Ѓоковиќ веќе е опериран, се надева…
Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ утрово е опериран…