Објавено на:

Ѓорѓиевски: Најдобар прв квартал во историјата на Скопје и убедливо најдобра реализација на капитални инвестиции

t

Најдобар прв квартал во историјата на Скопје и убедливо најдобра реализација на капитални инвестиции, вели градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски во објава на Фејсбук.

– Кога се работи со љубов, почитувани мои скопјани, со посветеност и јасна визија, резултатите не можат да изостанат.

И покрај затекнатиот хаос, наследените долгови, нефункционалните системи, парализираните јавни претпријатија и град кој со години беше оставен без вистинско водство, успеавме за краток период да го исправиме Скопје на нозе.

Денес, со гордост можам да кажам дека Град Скопје го бележи најдобриот прв квартал во својата историја, со највисока реализација на капитални инвестиции досега.

Во Основниот буџет на Град Скопје за 2026 година беа планирани капитални инвестиции во износ од 1,85 милијарди денари, што претставува зголемување од 32,4% во однос на 2025 година.

Но, најважно е што овие средства не останаа само бројки на хартија.

Во првиот квартал реализирани се 335,75 милиони денари, односно 18,12% од вкупно планираните капитални инвестиции.

Тоа е најдобра реализација за прв квартал во историјата на Град Скопје!

И ова не е случајност.

Ова е резултат на дисциплина, работа, одговорност и секојдневна борба за секој денар да биде насочен таму каде што најмногу им треба на граѓаните – во улици, инфраструктура, јавни услуги, чистота, зеленило, сообраќај, функционални претпријатија и проекти кои го менуваат ликот на градот.

И тоа, почитувани, не е сè!

Веќе можам да најавам дека и реализацијата на капиталните инвестиции во вториот квартал ќе биде рекордна.

Само во месец април имаме реализација на капитални инвестиции во износ од 464,45 милиони денари, што е највисока априлска реализација споредено со било која година досега.

Заклучно со 8 мај 2026 година, односно за период од само 4 месеци и 8 дена, реализацијата на капиталните инвестиции изнесува повеќе од 480 милиони денари, со што веќе се реализирани 26% од вкупно планираните капитални инвестиции.

За споредба, во првите четири месеци од 2026 година имаме подобра реализација од цел втор квартал, односно од првите шест месеци во повеќе претходни години:

▪️во 2025 година реализацијата изнесувала 463 милиони денари,

▪️во 2024 година 385,4 милиони денари,

▪️во 2023 година 420,5 милиони денари,

▪️а во 2022 година 368,4 милиони денари.

Тоа значи дека за само четири месеци веќе сме надминале цели шестмесечни периоди од претходни години.

Ова е разликата кога градот се води одговорно.

Паралелно со капиталните инвестиции, обезбедивме средства и за исплата на сите субвенции што ги наследивме како несработена документација од претходното раководство – субвенции за велосипеди, азбестни кровови, инвертер-клими, чистење оџаци, средношколски стипендии и други мерки важни за граѓаните.

Дополнително, обезбедивме повеќе од 467,9 милиони денари субвенции за јавните претпријатија: „Паркови и зеленило“, „Комунална хигиена“, „Дрисла“, „Лајка“, „Улици и патишта“ и ЈСП.

Тоа се средства со кои ги стабилизираме претпријатијата, ја овозможуваме нивната тековна работа и ги враќаме јавните услуги таму каде што треба да бидат, во служба на граѓаните.

Особено важно е што, покрај Град Скопје, значително намалување на обврските има и кај јавните претпријатија.

За само 4,5 месеци, обврските на јавните претпријатија се намалени за околу 38,5 милиони евра.

Предводник во ова намалување е ЈП „Водовод и канализација“, каде што обврските се намалени за 1,55 милијарди денари, односно повеќе од 25 милиони евра.

Но, намалување на обврските има и кај ЈСП, „Улици и патишта“, „Комунална хигиена“, „Паркови и зеленило“, „Градски паркинг“ и „Дрисла“.

Ова покажува дека системот почнува да се стабилизира.

Дека редот се враќа.

Дека одговорното работење дава резултат.

Освен намалувањето на долговите, успеавме да воведеме ред и во исплатата на платите. Повеќе нема доцнење по два или три месеци, како што затекнавме на почетокот на ноември 2025 година, кога речиси сите претпријатија беа со неисплатени плати и К-15 за вработените.

Денес, јавните претпријатија функционираат постабилно, ги реализираат своите инвестициски програми и капитални проекти, а нивната работа постепено се враќа во нормален и одговорен тек.

За само 4,5 месеци, обврските на Град Скопје се намалени за околу 11,6 милиони евра.

Тековните обврски на Градот се намалени за околу 5,5 милиони евра.

Кредитните задолжувања се намалени за околу 2,2 милиони евра.

Исплатени се 0,9 милиони евра долгови за експропријација.

Исплатени се и утужени обврски во износ од речиси 2,5 милиони евра, при што мора да се нагласи дека наследивме околу 50 милиони евра обврски по основ на тужби, без пресметани камати и судски трошоци.

Дополнително, исплатени се речиси 0,5 милиони евра преземени обврски по основ на субвенции, пензионирања, помош, комисии, управни и надзорни одбори, експропријации и спогодби, а префрливме средства и кон Градската изборна комисија.

И ова се факти. Бројки и резултати.

За само неколку месеци покажавме дека Скопје може да се движи напред.

Покажавме дека и од хаос може да се создаде ред, и од блокиран систем може да се изгради функционален град.

Наследивме долгови, проблеми и нефункционалност.

Но не баравме изговори.

Работевме и решававме.

Стабилизиравме.

Инвестиравме.

И денес, Скопје бележи историски резултат.

Ова е само почеток, почитувани!

Продолжуваме со уште посилно темпо, со уште повеќе работа за Скопје да стане функционален, уреден, модерен и достоинствен град, каков што заслужуваат сите негови граѓани. – напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ѓорѓиевски: Најдобар прв квартал во историјата на…

Најдобар прв квартал во историјата на Скопје…

Без вода и струја повеќе делови од…

Од ЕВН Македонија АД известуваат дека поради…

Физички ја нападнал партнерката и ѝ се…

Скопјанка пријавила во полиција дека нејзиниот партнер…

Видео: Скопјанска си вози со автомобилот низ…

Скопјанка лабаво „се шета“ со колата низ…

Скопје добива лунапарк: За 10 милиони евра…

Град Скопје се подготвува за изградба на…