Ѓорѓиевски не знае дали новите автобуси ќе стигнат оваа година

t

Јас не се плашам ако некогаш погрешам со временската проценка, мислевме дека до март ќе стигнат новите автобуси кои треба да ги набави Владата, рече градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на денешната седница на Советот на Град Скопје посветена на советнички прашања, одговарајќи на прашање кога ќе стигнат новите автобуси кои најпрво беа 80 за Скопје, а сега 100, за кои тој во ноември изјави дека се очекуваат пролетва.

Но, како што рече, утрово од ЕБОР пристигнало писмо со кое се откочува и се продолжува проектот за БРТ . Ѓорѓиевски соопшти дека  ЕБОР им дал рок до март за да направат измена во планот за јавни набавки и да формираат проектната единица.

Она што ни следи како процес и треба да го испорачаме, проектна единица да формираме за многу скоро време и да направиме измена во планот за јавните набавки. И еве да имате информација, освен овие 100 автобуси што треба да ги испорача владата, кои во минатото беа планирани 80,  ќе има уште најмалку 30 кои преку проектот БРТ ќе бидат обезбедени за Скопје и за брзо ќе ја започнеме тендерската постапка. Значи ако во кампањата сум ветувал 80 автобуси, сега заедно со БРТ ќе има 130. Ќе ми дозволите овој пат точно временски да не информирам кога ќе пристигнат – рече градоначалникот.

Сепак, со оглед на најавата дека најверојатно договорот ќе биде влада со влада со Унгарија постапката би требало да биде побрза.

Имам информација дека најголем дел од автобусите треба да бидат испорачани оваа година. Дали сите 100 ќе стигнат оваа година не можам да гарантирам затоа што тоа не го правам тоа јас, но  ние ќе започнеме паралелен процес со БРТ – нагласи Ѓорѓиевски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…

Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…

Ѓорѓиевски контpa урбаната мафиja: За Paсадник ќе…

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски,…