Ѓорѓиевски: Убава вест за Скопје – набавуваме повеќе од 40 возила за Комунална хигиена
Градоначалникот на Град Скопје на социјалните мрежи објави дека ќе бидат набавени повеќе од 40 возила за потребите на Комунална хигиена Скопје.
– Денес со огромна радост ве информирам дека официјално започна постапката за набавка на специјализирани возила за потребите на ЈП „Комунална хигиена“, кои ќе донесат ред и достоинство во нашиот град.
Тендерската постапка која ја спроведува Министерството за транспорт во соработка со Светска банка е веќе распишана, а по завршување на сите правни процедури ќе започне и испораката на возилата.
Покрај ова, денес на седницата на Советот на Град Скопје ќе биде усвоена и програмата за Комунална хигиена, со која градот обезбедува уште повеќе од десет нови камиони од сопствени средства.
Ова значи дека во Скопје ќе пристигнат и ќе бидат ставени во функција повеќе од 40 нови, современи и специјализирани возила кои секојдневно ќе се грижат за чистотата низ целиот град.
Ова, истовремено е и најголемата инвестиција во јавната чистота во последните десет години, што јасно говори за нашите силни заложби за доброто на граѓаните.
Само за споредба, ова се случува за помалку од три месеци откако сум градоначалник, споредбено со осум години во минатото, кога биле набавени само 4 возила.
И ова не е крај, набавката на нови возила за потребите на претпријатието продолжува во континуитет.
Проблемот со отпадот кој со години ги мачеше скопјани, заминува во историјата.
Градот ќе располага со доволен број современи возила за да ја покрие секоја населба и секоја улица навремено, организирано и достоинствено, затоа што чист град значи здрав град, а здрав град – подобар живот за сите.
Искрено и од срце сакам да се заблагодарам на премиерот Христијан Мицкоски и на министерот Александар Николоски за нивната силна поддршка и вистинска грижа за граѓаните.
Почитувани скопјани, заедно ги испишуваме новите страници од убавата историја на градот.
Повеќе нема да се прашуваме дали можеме подобро.
Тоа подобро, реално ќе го живееме! – напиша Ѓорѓиевски на Фејсбук.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ѓорѓиевски: Убава вест за Скопје – набавуваме…
Градоначалникот на Град Скопје на социјалните мрежи…
Мециновиќ предупредува: Има план за приватизација на…
Има план за приватизација на јавното комунално…
Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…
Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…
Општина Чаир има долг од над седум…
Директорот на Јавното претпријатие „Комунална хигиена“- Скопје,…
Светлана Колариќ нов Претседател на Советот на…
Општина Кисела Вода доби нов Претседател на…