Ѓорѓиев: Средбата на Комисијата за историски прашања во конструктивна атмосфера, следната до крајот на годината во Софија
Средбата на Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања, која се одржа во Скопје во текот на вчерашниот и денешниот ден, беше обележана со позитивен дух и конструктивна атмосфера. Учесниците водеа динамична и отворена дискусија за темите поврзани со работата на Комисијата, се истакнува во соопштението на Комисијата за историски прашања со Бугарија.
– На средбата се разгледуваа принципите на работа, како и протоколарни и процедурално-технички аспекти. Комисијата работеше на усогласување на записниците од претходните средби и се разговараше за препораките за македонските учебници за VII одделение, вели претседателот на Комисијата, проф. д-р Ванчо Ѓорѓиев.
Следната средба на Комисијата е планирана да се одржи во Софија до крајот на годината.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Унгарскиот МОЛ сака да ја купи рафинеријата…
Унгарската компанија за нафта и гас МОЛ…
Двајца Македонци фатени со 137 килограми марихуана…
Двајца државјани на Македонија се приведени на…
Љубчо Георгиевски на свое барање се сретнал…
Бугарскиот претседател Румен Радев го примил во…
Бугарскиот пазар полуде: Се нуди паркинг место…
Гаража или паркинг место за автомобил во…
Македонската кујна на 47. место меѓу најдобрите…
Популарниот гастрономски портал за храна и патувања,…