Објавено на:

Јакимовски: Карпошани гласаа за градоначалник, а добија човек кој ниту сака, ниту може да ја води општината

t

Објава на Фејсбук на Стевчо Јакимовски:

ОВЛАСТУВАЊЕТО НЕ ЈА БРИШЕ ОДГОВОРНОСТА

Овластување дадено на друг човек не го ослободува градоначалникот од одговорност.

Таа работа не оди така.

Не може Карпошани да гласаат за еден човек, а ВМРО-ДПМНЕ потоа да им поставува друг да ја води општината. Не може избран градоначалник да се крие зад партиски заменик, зад адвокати, секретари, супервизори и партиски штабови, а одговорноста да исчезне како ништо да не било.

Шест месеци Карпош живее во целосен застој.

ВМРО-ДПМНЕ денес очајно се обидува да го покрие својот срам, но вистината веќе ја гледаат сите: граѓаните се измачуваат, вработените се оставени во неизвесност, а општината што важеше за една од најфункционалните во државата — денес е парализирана.

Приходите се сведени на минимум, нови проекти нема, а старите — дури и оние за кои нивната Влада одобрила средства — не се реализираат.

Со еден збор: Застој.

Градоначалникот Сотир Лукровски, кој на 2 ноември 2025 година го доби мандатот да ја води Општина Карпош во наредните четири години, уште од самиот старт почна да лелека колку му било тешко.

Еднаш му биле сложени процедурите.

Другпат се плашел да потпишува.

Третпат му било тешко да прима граѓани.

Четврти пат не можел да ја сфати работата на општината.

Па добро, за што се кандидираше човекот?

Карпошани гласаа за градоначалник, а добија човек кој ниту сака, ниту може да ја води општината.

Уште од првиот ден, ВМРО-ДПМНЕ воведе колективно раководење во Карпош. Имаме наводен секретар без кој, како што велат, не може ни мува да помине. Имаме нови луѓе во урбанизмот. Имаме канцеларија за советничка која изиграва правник. Имаме надворешен супервизор со канцеларија. Имаме претседавач кој цел ден кисне во општината. И згора на сè — уште двајца адвокати кои до доцна во ноќта го проверуваат секој акт.

Значи, Карпош не доби градоначалник.

Карпош доби колективно претседателство како во посттитова Југославија.

И бидејќи очигледно и оваа група „стручњаци“ не им беше доволна, сега на тоа колективно претседателство му додаваат уште еден нов Синан Хасани — фигура која треба да изгледа како решение, а всушност да ја покрие неспособноста на системот што самите го создадоа.

Поплаките на граѓаните веќе кулминираа. Незадоволството е огромно. Затоа ВМРО-ДПМНЕ одлучи проблемот да го „реши“ не со работа, не со отчет, не со нова енергија, туку со поставување партиски заменик-градоначалник кој сега треба да го потпишува тоа што Соте одбивал или не смеел да го потпише.

Не може да седиш дома, да се правиш болен, да земаш плата од околу 2.000 евра, а твојата голема, наводно „народна партија“, да постави партиски човек кој не во име на граѓаните, туку во име на партијата ќе раководи со општината.

Ова е грубо изигрување на волјата на граѓаните.

Карпошани гласаа за еден човек за градоначалник, а сега ВМРО-ДПМНЕ им поставува друг.

Без избори.

Без легитимитет.

Без срам.

Та нели Соте беше другар од детство на Христијан Мицкоски? Толку ли брзо се растури калимерата? Толку ли брзо се покажа дека на Карпош му продале мачка во вреќа?

За ова ли ВМРО-ДПМНЕ уценуваше, се закануваше, вршеше притисоци и спроведуваше класична партиска операција на терен?

За ова ли се делеа пари во Злокуќани и Бардовци?

За ова ли се чистеа долгови на луѓе кои должеле по кладилници?

За ова ли се поставуваа по двајца-тројца членови од исто семејство во избирачки одбори?

За ова ли се правеше бугарски воз и се поништуваа што е можно повеќе гласачки ливчиња за Стевчо Јакимовски?

Само за да дојдат до власт во Карпош — а потоа да не знаат што да прават со неа.

Впрочем, ова ли е партијата која велеше:

„И магаре да ставиме, ќе го изберат“?

Е арно ама, „магарето“ потоа треба да ја води општината.

Сега човекот глуми дека има „шум на ум“, а Карпош го претвора во мртов коњ. И повторно ВМРО-ДПМНЕ се обидува да го излаже народот дека тие не се виновни за ништо.

Како и секогаш — некој друг им е крив.

Овојпат виновна им е новата Данела со брада и ширум отворени очи.

Каде се сега оние силни доктори кои се резилеа во изборната кампања поддржувајќи го Лукровски?

Како дозволија толку брзо да им се разболи „најдобриот кандидат на светот“?

Па нели пукаше од здравје?

Нели беше најспособниот?

Нели беше најподготвениот?

Нели беше најработливиот?

Или и тоа беше само уште една партиска лага за еднократна употреба?

Вистината е дека оваа операција ВМРО-ДПМНЕ ја прави за да ја поврати огромната инвестиција во изборната кампања на Сотир Лукровски — инвестиција во купување гласови, евтин популизам, притисоци и партиска машинерија.

Карпошани добро се сеќаваат: во изборната кампања, на булеварот „Партизански одреди“, токму под билбордот на кој беа Христијан Мицкоски и Сотир Лукровски, јавно кажав дека Христијан се обидува на граѓаните на Карпош да им продаде мачка во вреќа.

За жал, таа мачка шест месеци изигрува болен мајмун, а последиците ги трпат граѓаните на Карпош.

Не може така.

Не може да си играте со волјата на граѓаните.

Не може Карпош да биде партиски експеримент.

Не може општината да биде приватна канцеларија на ВМРО-ДПМНЕ.

Не може избран градоначалник да се крие, а партиски поставен човек да раководи во негово име.

Од вмровското карпошово буре со лаги веќе тече на сите страни.

А тие дупки не се затвораат со партиски долги прсти.

Се затвораат само со едно:

нови избори.

Карпошани заслужуваат градоначалник.

Не партиски заменик.

Не колективно претседателство.

Не мртов коњ.

Туку човек со легитимитет, знаење и одговорност.

Карпош не е играчка.

Карпош не е плен.

Карпош мора да им се врати на граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ одбија да гласаат за…

Вчера се одржа 70-тата вонредна седница на…

Јакимовски: Имаме медиумска и трговска војна

Во вечерашната емисија на “Тешки муабети” каде…

Град Скопје ќе додели средства за сите…

Советот на Град Скопје на денешната седница…

Јакимовски со барање до надлежните распустот да…

Градоначалникот на Општина Карпош Стевчо Јакимовски апелира…