Јакимовски: Сакам општина Карпош да биде пример за мирна транзиција на власта, нема да опресирам никого

t

„Сакам Општина Карпош да биде пример за мирна транзиција на власта. Јас ветив дека нема никого да опресирам. Замислете, да се менува директор пред цела јавност, па да се обивинува дека е криминалец, деке е нечесен…“ – Истакна градоначалникот Јакимовски за тоа дали менува кадри од поранешната власт, во „Студио 10“ на Телевизија 24.

Тој тврди дека во општината нема променети раководители: – „Имам причина некои луѓе во чаша вода да ги давам, но тоа нема да го направам. Немам намера да барам вештерки во Карпош. На 62 години не мислам да правам доправа кариера, таа е веќе направена. Треба да ја стабилизираме општина Карпош. Имаше два милиони евра блокада, уште 600 илјади од управа за приходи и три и пол милиона евра долгови на општината. Бар до крајот на мандатот, да ја донесеме општина Карпош на нула, за да може некој после мене да управува.“ – Истакна Јакимовски и додаде дека очекува општината да има деблокирани сметки до крајот на месец Март.

Градоначалникот вели и дека им порачал и на СДСМ, кога ќе се вратат на власт да нема одмаздољубие и реваншизам: – „Разговарав и со претходниот градоначалник Стефан Богоев и му порачав дека ако му треба него нешто или на негов пријател слободно да ми се јави и од тогаш до сега неколку пати се слушнавме, па и во текот на вчерашниот ден, токму за проблмеот околу фамозната бензиска пумпа.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Калајџиев: Политиката е таа што го корумпира…

Професорот Гордан Калајџиев говорејќи за реформите во…

Притворен малолетникот кој на автобуски станици во…

Полициски службеници од СВР Скопје вчера го…

Општина Карпош: 340 дрвца засадени деновиве

Општина Карпош во изминативе денови спроведе есенското…

Тpамп: Ако победам, ќе ја сменам амеpиканската…

Поранешниот американски претседател и републикански претседателски кандидат…

Во Карпош приведени двајца Турци кои го…

Во Карпош вчера биле приведени двајца Турци…