Јамб во најава: Русите ќе го гранатираат овој дел на Киев, бараат сите жители да го напуштат

Интересно известување испрати руското министерство за одбрана пред малку до жителите на Киев. Во своето соопштение Руското Министерство за одбрана најави напад со прецизно оружје врз објектите на СБУ и 72-от главен центар на ПСО во Киев.
„Со цел да се потиснат информативните напади против Русија, информатичките капацитети на СБУ и 72-от главен центар на ПСО во Киев ќе бидат погодени со високопрецизно оружје“, се вели во извештајот.
Министерството за одбрана на Руската Федерација соопшти дека од почетокот на специјалната воена операција бројот на информативни напади од Украина е многукратно зголемен. Целта се државните институции на Русија.
Континуирано се упатуваат и повици до граѓаните на Руската Федерација. Нивните теми се заканите за физичка елиминација, како и извештаите за минирање на објекти од социјалната инфраструктура – училишта, градинки, железнички станици.
„Информативните напади врз Русија ги вршат преку 72-от главен центар за информации и психолошки операции на вооружените сили на Украина заедно со единиците за сајбер операции на Службата за безбедност на Украина, користејќи хардверски и софтверски системи и комуникациски капацитети во Киев“, соопшти Министерството за одбрана. .
Руското Министерство за одбрана ги повикува жителите на Киев кои живеат во близина објектите да ги напуштат своите домови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бојан Величковски е нов началник на СВР…
Бојан Величковски е именуван за нов началник…
Собрание: Пратениците работат, откажани се само пленарните…
По повод реакциите од јавноста дека пратениците…
Нето надворешниот долг на Македонија изнесува 4,6…
Народната банка го објави редовното статистичко соопштение…
КСЗД иницира постапка по службена должност против…
Според информациите објавени на официјалната веб-страница на Комисијата…
(Видео) Во Струмица се спроведуваат вежби за…
На територијата на општина Струмица, секојдневно се…