Јанаки за истрагата во Кочани: Ќе се направи каша попара, судењето ќе трае две години, ќе се разводени и ќе идат курбан и тие што треба и тие што не треба

t

За Кочани сите бараме строги казни. Јас го популаризирав #Апси. Но тоа не значи дека треба да се апси што се стигне и уште повеќе невозможно е сите осомничени да одговараат за Тешки дела против општата сигурност во врска со Предизвикување општа опаснист.

Точно, делото во дел од пропишаните противправни дејанија подразбира и пропуштање на преземање дејствија, но тие треба да бидат во причинско последична врска со штетната последица, или фамозната каузална врска.

Кое дејствие го презел или не презел во делот на оддржување уреди за ППЗ и правила на мерките на заштита обезбедувачот?

Дали тоа што пуштил малолетници довело до пожар?

Градоначалникот од 2012 треба да одговара за злоупотреба во делот на пренамената на објектот кој не исполнува услови, полициските службеници за несовесно постапување, ДПИ и ДЗСЗ исто, сите тие да се истражуваат за евентуален поткуп итн.

Вака ќе се направи каша попара, судењето ќе трае две години, ќе се разводени и ќе идат курбан и тие што треба и тие што не треба.

Истрагата трае, се надевам дека нема да се оди на ура со иста правна квалификација за сите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Снимен земјотресот во Охрид утринава

Краток, но силен земјотрес утрово во 04:35…

„Кој е следен“ за изјавата на Мицкоски:…

Од граѓанската иницијатива „Кој е следен?“ испратија…

Андонов за Мицкоски: Можеби и затоа не…

Што мислите го познава ли Мицкоски поранешниот…

Ама премирот наш најави бум: Светска банка…

Глобалната економија ќе ја доживее најбавната деценија…

Гувернер на САД: Уапсен осомничениот за убиството…

Полицијата во американската среднозападна држава Минесота го…