Јаневска: Започна изработката на новата стратегија за образование што ќе важи од 2026 до 2032 година

t

Министерката за образование и наука Весна Јаневска, на вчерашната средба со претставници на различни образовни институции и меѓународни партнери на Министерството за образование, наука и технологија, објави дека е започната изработката на новата стратегија за образование, која ќе важи од 2026 до 2032 година.

„Стратегијата ќе се фокусира на обезбедување еднаков пристап до квалитетно образование за сите, инклузија, грижа за доброто ментално и физичко здравје на младите, усогласување на образовните политики со пазарот на трудот, дигитализација, дигитална и медиумска писменост, како и имплементација на нови технологии“, рече Јаневска.

На прашањето за училиштата што спроведуваат едносменско учење, Јаневска предупреди дека во текот на летните месеци ќе се работи на проширување на капацитетите на училиштата за да им се овозможи на учениците да учат во една смена.

„Некаде околу 150 училишта имплементираа едносменска настава, во текот на летото ќе имаме големи акции за реконструкција на училниците, ќе почнеме со оние училишта на кои им требаат само 2-3 или 4 паралелки за да имплементираат едносменска настава, тој план е веќе направен, не можам да ви кажам во кои конкретни училишта во моментов, но има такви училишта во Скопје и други градови“, изјави Јаневска.

Јаневска рече дека Северна Македонија итно треба да спроведе големи промени, со оглед на тоа, како што рече, дека дури и Европската комисија имала забелешки за бавниот развој на образованието во последните години.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Започна полагањето на државната матура – Јаневска…

Петнаесет илјади матуранти денес полагаа испит по…

Каде одиш Македонијо? Годинава има 500 првачиња…

Во новата учебна година се запишале 500…

Конечно – Се воведуваат стручна матура и…

Владата, на денешната седница, утврди текст на…

Партијата ГРОМ бара докази дали пратеникот од…

Политичката партија ГРОМ денеска преку својата потпретседателка…

МОН: Со дигитализација на образованието, вложуваме во…

Подобрување на квалитетот на наставата, стекнување на…