Јаневска: Институт работел во просторија на обложувалница со две столчиња и душек

t

Приватен институт функционирал во просторија на обложувалница, со две столчиња и два душека, вели министерката за образование. Ова е само еден од 14-те приватни институти што се затворени по контролите што ги спроведе Комисијата на Министерството.

„Тој беше регистриран во кладилница, во задната просторија, каде што институтот требаше да ги извршува своите функции, со две столчиња и два душека. Тој беше веднаш затворен, а вработени беа двајца луѓе“, изјави министерката за образование и наука Весна Јаневска.

Јаневска ова го изјави по забелешките на приватните високообразовни установи за новиот предлог-закон за високо образование. Вели дека во понеделник предлог-законот ќе биде затворен и ќе се разгледува на Влада. До тогаш, сите приговори поврзани со законот повторно ќе бидат разгледани.

„Во понеделник законот ќе биде затворен и ќе биде даден во владина постапка. До понеделник, сè што е сериозен приговор и сè што е пристигнато повторно ќе се разгледа“, додаде Јаневска.

Опозицијата, пак, има спротивставен став. Според претседателот на СДСМ, Венко Филипче, нема доволен капацитет за спроведување и публикување на научни трудови. Додава дека, ако предлог-законот остане ваков, нема да го гласаат, но ќе дебатираат во Собранието.

„Се наметнуваат критериуми за објавување стручни трудови за кои нашиот научен систем, не само образовниот дел, не е подготвен. Не можат да се подготват такви трудови. Немаме капацитет, немаме лаборатории за тоа. Немаме ниту финансиски можности, ниту соодветна опрема за да се објавуваат трудови во списанија со висок импакт-фактор. Ние не сме подготвени за тоа.“ , изјави Венко Филипче

Новиот предлог-закон за високо образование предизвика реакции и во академската јавност. Законот предвидува построги критериуми за професорите, промени во студиските програми, нов модел на финансирање, поголема улога на државата, како и ограничување на вонредното студирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јаневска: Институт работел во просторија на обложувалница…

Приватен институт функционирал во просторија на обложувалница,…

Клековски: Законот за забрана на пушењето ќе…

Во Македонија 45 отсто од возрасните пушат…

ГАК: Имаше кус прекин на струја, но…

Клиниката за Гинекологија и акушерство испрати реакција…

Агенција за атомска енергија: Погодени делови од…

Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) соопшти…

Хаос на Ќафасан: Албанците чекаат над два…

Глобалниот ценовен шок предизвикан од војната во…