Јапонија ќе добие прва жена премиер – Санае Такаичи
Поранешната министерка за економска безбедност на Јапонија, Санае Такаичи, победи во вториот круг од изборите за лидер на владејачката Либерално-демократска партија (ЛДП) и се очекува наскоро да стане првата жена премиер во историјата на земјата.
Такаичи (64), позната по своите ултраконзервативни ставови и тврдокорен пристап кон миграцијата, го победи министерот за земјоделство Шинџиро Коизуми, откако ниту еден од петте кандидати не освои мнозинство во првиот круг на гласањето, објави „Ројтерс“.
По победата, Такаичи изјави дека нејзиното избирање означува „нова ера на ЛДП“ и дека ќе работи на тоа да ја „претвори вознемиреноста во надеж“ за граѓаните.
Победникот на партиските избори ќе го замени досегашниот лидер Шигеру Ишиба, кој поднесе оставка откако владејачкиот блок го загуби мнозинството во Домот на советници во јули. Поради тоа, ЛДП ќе мора да соработува со опозициските партии за донесување на клучните одлуки.
Парламентарното гласање за нов премиер е закажано за 15 октомври, а според очекувањата, Такаичи ќе ја преземе функцијата бидејќи ЛДП во коалиција со Комеито сè уште е најсилната политичка сила во парламентот.
Новата лидерка ќе се соочи со сериозни предизвици, како што се зголемувањето на цените, потребата од политичка стабилност и соработка со опозицијата, како и подготовката за можен самит со американскиот претседател Доналд Трамп за време на неговата посета на самитот на АПЕК во Јужна Кореја кон крајот на октомври.
До крајот на годината, Такаичи ќе има полн дипломатски календар, очекува да учествува на самитите на АСЕАН во Малезија, на АПЕК во Јужна Кореја, а на 22 ноември и на самитот на Г20 во Јужна Африка.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јапонија ќе добие прва жена премиер –…
Поранешната министерка за економска безбедност на Јапонија,…
Анастасов: Имаме најдобра социјална програма во цела…
Имаме најдобра социјална програма во Македонија, истакна…
ДУИ: Мицкоски и ВРЕДИ се алатки на…
Владата вчера соопшти дека премиерот Мицкоски и…
Крмов: Забраната за рекламирање на Левица е…
Пратеникот на Левица, Борислав Крмов, на собир…
Приведен агресивен охриѓанец: Го затекнале во поранешната…
Вчера во 16:10 часот, полициски службеници на…