Објавено на:

Ја убил сопругата, со недели спиел покрај нејзиното тело и ги лажел соседите дека е жива

t

Даглас Салазар Кастиљо им се преправал на загрижените соседи дека Рита Паредес Риоха е жива и здрава кога му кажале дека се загрижени затоа што не ја виделе со месеци. Тој дури и го извикувал нејзиното име кога се враќал дома за да ја одржи илузијата дека е дома, пренесува Мирор.

Сепак, 57-годишникот на крајот го признал делото пред чуварот во нивниот станбен комплекс во главниот град на Перу, Лима. Наводно, Салазар му испратил фотографија од телото на мртвата сопруга на обезбедувањето, кое веднаш ја известило полицијата.

Полицијата упаднала во неговиот дом и го пронашла телото на неговата сопруга завиткано во ќебе на нивниот кревет, покрај неколку празни шишиња алкохол. Салазар е уапсена и може да биде обвинет за фемицид доколку обдукцијата потврди дека починала од надворешни причини, односно дека била убиена.

Властите во моментов ги чекаат резултатите од обдукцијата за да ја потврдат точната причина за нејзината смрт.

Жртвата во минатото неколку пати го пријавувала сопругот за семејно насилство во локалната полициска станица, но тие секогаш се помирувале. Соседите рекле дека редовно ја слушале двојката како се расправа и се сомневале дека насилството е секојдневна појава во нивниот дом.

Салазар е во притвор во очекување на истрагата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ја убил сопругата, со недели спиел покрај…

Даглас Салазар Кастиљо им се преправал на…

Сообраќајка на патот Тетово-Скопје, едно лице починало…

Тешка сообраќајна несреќа се случила вечерва на…

Насралах беше централен мотор на иранската оска…

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху го нарече лидерот…

„Пацифичка ракетна криза“: Американскиот систем „Тајфон“ нишани…

Распоредувањето на американскиот ракетен систем „Тајфон“ на…

Струмица и шест села останаа без исправна…

Струмица остана без вода за пиење. Освен…