Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија ќе го почувствува најсилно

t

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за меѓународни економски студии предупредува дека македонската економија се соочува со сериозни ризици од нов бран инфлација и пад на животниот стандард. Во гостувањето во емисијата „Ноќно студио“ на 4ТВ, тој оцени дека дури и во најоптимистичко сценарио, граѓаните ќе живеат полошо, а економскиот раст ќе забави.

Јовановиќ ја отфрли перцепцијата дека земјата може самостојно да се прехрани, нагласувајќи дека Македонија со години е зависна од увоз на храна, објави 4news.mk Според него, растот на цените на енергенсите веќе се прелева врз храната, што значи дека вистинскиот удар допрва следува.

„Кога цените растат, платите и пензиите реално вредат помалку. Луѓето трошат помалку, фирмите инвестираат помалку – и така се забавува целата економија“, објасни тој.

Анализите на институтот покажуваат дека инфлацијата може да достигне околу 5 проценти, што е значително над претходните проекции. Дополнително, цените на горивата веќе се на рекордни нивоа, а според Јовановиќ, мерките на Владата не даваат доволен ефект.

Тој предупреди дека глобалните случувања, особено тензиите поврзани со Иран и ризикот околу Ормудскиот теснец, создаваат долгорочна неизвесност. Иако цената на нафтата делумно се стабилизирала, таа и понатаму останува висока, што ќе продолжи да врши притисок врз цените.

Јовановиќ оценува дека растот на БДП не ја отсликува реалната состојба, бидејќи профитите растат кај мал број компании, додека дел од граѓаните осиромашуваат.

„Имаме раст на хартија, но во реалноста десетици илјади луѓе паѓаат под линијата на сиромаштија“, истакна тој.

Како решение, економистот предлага директна поддршка за граѓаните преку раст на платите и пензиите, предупредувајќи дека без такви мерки Македонија може да биде погодена посилно од другите земји во регионот.

Тој заклучи дека иако воените тензии можеби привремено се намалуваат, економските последици ќе се чувствуваат уште долго, а најголемиот товар ќе го понесат граѓаните.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Јовановиќ: Доаѓа нов ценовен удар – Македонија…

Економистот Бранимир Јовановиќ од Виенскиот институт за…

Акцизите за дизелот ќе се намалат за…

Премиерот Христијан Мицкоски, денеска од општина Илинден,…

Еврејска заедница во Македонија: Обид за опожарување…

Еврејската заедница во Македонија вечерва соопшти дека…

Орбан губи?!

Според податоците објавени од агенцијата за истражување…

Затворени гласачките места, Унгарија го сруши сопствениот…

Во 19 часот гласачките места во Унгарија…