Јовановски се чувствува виновен дека ја тепал Ивана, но не и дека ја навел на самоубиство
Обвинетиот Стојанче Јовановски на денешното прво рочиште се изјасни за виновен за тоа дека ѝ нанел физички повреди на сега починатата сопруга Ивана, но не се чувствува виновен за наведување на самоубиство, иако Судот констатира дека признанието на вина за двете кривични дела не е дадено доброволно и не ја прифати изјавата за признание на вина.
Обвинителката Адела Бојчевиќ пак, го објаснуваше обвинителниот акт кој му се става на товар на Јовановски.
„На 2 март 2026 година, во временски период од 11 до 12.30 часот на повеќе локации во Скопје, со умисла, при вршење семејство насилство телесно ја повредил Ивана Јовановски. Откако се сретнале пред училиштето Нова, ја удирал со шлаканици. Со него бил Мартин Саздов, па Стојанче ѝ се обратил со погрдни зборови и пак ја удирал. Сведокот се обидел да го оттргне, ама тој продолжил да ѝ удира шлаканици. Влегле во возилото на Саздов, се упатиле кон Кривичен, каде ѝ се обратил со зборовите: „Ќе те убијам“. Потоа се свртел кон задното седиште, ја удирал со шлаканици и со тупаници, почнал да ја дави, по што Ивана се онесветила. Саздов застанал на Партизанска да види дали е жива, Стојанче рекол: „Остави ја, глуми, ништо не ѝ е. Ќе ѝ го земам телефонот, ќе стане.“ Потоа продолжиле кон судот, каде пак ја тепал, ѝ направил три крвни подливи“, рече Бојчевиќ.
Според обвинителката, овие податоци се однесуваат на првото дело за кое се суди Јовановски, а тоа е Телесна повреда.
Второто кривично дело Загрозување на сигурноста, обвинителката го допрецизира со зборовите „со намера да ја вознемири и заплаши“.
„На 2.03.2026 на паркинг зад Кривичен, ѝ се заканувал на Ивана дека ќе посегне по нејзиниот живот и тело, па ѝ рекол: „Ќе те уништам, нема Катја да ја видиш, ќе одам во затвор, ќе излезам, ќе те уништам“. Ѝ рекол да си оди со такси, ама Ивана не отишла. Тргнале кон основното училиште „Јохан Хајнрих Песталоци“, каде ја земале Катја. Стојанче ѝ рекол на Ивана: „Оди да се спакуваш, ќе видиш што ќе ти направам“, цитираше Бојчевиќ дел од обвинението.
За третото дело Наведување на самоубиство и помагање на самоубиство, обвинителката наведе дека во периодот од 2023 до 2026 на јавни места пред сведоци, како и дома на улицата Теодосиј Гологанов 96, стан во сопственост на обвинетиот, Јовановски сурово и нечовечки постапувал кон оштетената Ивана, која била во подреден однос и во егзистенцијала зависност кон обвинетиот, па Ивана извршила самоубиство, кое му се припишува на небрежност на обвинетиот.
„Во 2023 ја натерал да му го препише идеалниот дел од заедничкиот стан, а да остане да живее во него, заедно со детето по што, сѐ почесто и посурово ја тепал, пред ќерката, на јавни мета пред сведоци и дома, заканувајќи ѝ се дека ќе ја избрка од дома и ќе ѝ ја одземе ќерката. На 2.03.2026 продолжило насилството. И се заканувал дека нема да ја види ќерката, дека ќе ја исфрли од станот, навредувајќи ја и постојано викајќи ѝ со погрдни зборови. На 2.03. 2026 кога стигнале пред зградата, Ивана сакала да се качи сама со Катја, за да се спакува ранец за себе и за детето и да оди кај мајка ѝ, ама Стојанче не дозволил и тој се качил со неа, заедно со Саздов, па продолжил да ја малтретира, велејќи ѝ „ќе те исфрлам од станот, ќе ја сменам бравата, ќе видиш со кого си фатила работа.“ Потоа се симнале со Мартин Саздов пред зградата за да ги почекаат. Под вакви околности, сурово и нечовечко постапување, Јованоски создал чувство на страв и безнадежноост, без да ги контролора своите постапки, Ивана скокала од станот со малолетното дете Катја, при што двете паднале на бетонска подлога, од што им се повредиле важни витални центри и од што двете починале. Иако ова дело е означено како наведување и помагање во самоубиство (член 128), ова дело има повеќе облици, а ставот 4, кој му се става на товар на обвинетиот, е посебен облик, односно, последицата, самоубиството, е сторено од небрежност, односно, обвинетитот не ја наведувал директно оштетената на самоубиство, туку со континуирано и интензивно сурово и нечовечко постапување создал состојба која довела до трагичната последица“, рече обвинителката.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Јовановски се чувствува виновен дека ја тепал…
Обвинетиот Стојанче Јовановски на денешното прво рочиште…
„Саздов ја наведе Ивана да се самоубие,…
Стојанче Јовановски, обвинет за повеќе дела меѓу…
Самиот пријавил дека ја убил својата мајка:…
Убиецот од Росоман утрово самиот пријавил во…
Започнува судењето за Стојанче Јовановски за смртта…
Денеска во Основниот кривичен суд Скопје со…
Хаос на судењето за „Онкологија 2“: Адвокатка…
Со хаос и парична казна за адвокататката…