Љупчо Николовски по распитот: Монтиран случај за да се покрие криминалот

t

Пратеникот на СДСМ и поранешен министер за земјоделство, Љупчо Николовски, реагираше откако МВР потврди дека против него се води предмет и дека бил повикан на информативен разговор во полициска станица.

Николовски тврди дека станува збор за „монтиран случај“, со кој, според него, актуелната власт се обидува да го дефокусира вниманието од проблемите во земјоделството и од актуелни скандали.

„Еден монтиран случај. Толку им требаше на актуелното раководство за да се обиде да ја покрие сопствената неспособност и криминал и тоа напаѓајќи ја најуспешната реформа во земјоделството“, напиша Николовски.

Тој оценува дека случајот се отвора во период кога, како што наведува, има големо незадоволство кај земјоделците поради доцнење на субвенциите, ниски откупни цени и поништени повици за рурален развој.

„Кога владата не може да се справи со вистинските проблеми, се вклучува пропагандната машинерија за дефокус“, додава Николовски.

Во својата реакција, поранешниот министер се повикува на реформите што биле спроведени во неговиот мандат, посочувајќи дека биле отворени над 270 нови семејни винарии, легализирани над 4.000 мали производители на храна и создадени околу 1.000 нови етикети македонско вино.

„Тоа е реформата за која ме напаѓаат“, наведува тој.

Николовски тврди и дека предметот не се однесува на прекршување на Законот за јавни набавки, ниту пак произлегува од пријава од земјоделци.

„Не станува збор за прекршување на Законот за јавни набавки, ниту за пријава од земјоделци. Станува збор за монтиран случај кој треба да го оттргне вниманието од вистинските прашања“, пишува Николовски.

Тој во објавата ги споменува и актуелните случаи поврзани со институции од секторот земјоделство, меѓу кои и, како што наведува, „уапсен директор на Платежната агенција“, „ИПАРД скандал“ и „уапсен директор на Земјоделскиот инспекторат“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Палевски на распит во обвинителството

Љупчо Палевски-Палчо во моментов е на распит…

(Видео) Прекината хуманитарната акција за семејството Николовски…

Хуманитарната акција за семејството Николовски од Кратово…

Вечерва хуманитарни “Тешки муабети” со Филип Петровски:…

Не прошуштајте ја денешната епизода на Тешки…

Кастриот Реџепи беше киднапиран на денот на…

Се работи за една влада која што…

Pacкол во СДСМ: Шилегов го кренал гласот…

Поранешниот скопски градоначалник Петре Шилегов бил воздржан…