Објавено на:

„Ќе биде најлошо од Втората светска војна“: На светот му се заканува глобален раст на цените на храната – Една земја е посебно на удар

t

Војната во Украина ќе има глобално влијание, поголемо од се што сме виделе од Втората светска војна и ќе нанесе штета на светската безбедност со храна, бидејќи многу украински земјоделци, наместо да произведуваат значајна количина на пченица за светот, сега се борат против Русија, изјавил директорот на Светската програма за храна на ОН (WFP) Дејвид Бизли.

Бизли во обраќањето пред Советот за безбедност на ОН навел и дека “и онака високите цени на храната моментално вртоглаво растат”, пренесува британски “Guardian”.

Оваа агенција на ОН хранела 125 милиони луѓе ширум светот пред руската инвазија на Украина, а Бизли сега соопштил дека сега се принудени да почнат со намалување на помошта поради растечките трошоци за храна, гориво и испорака, наведува “AP”.

Директорот на Светската програма за храна при ОН предупредил дека војната во Украина посебно загрозува некои земји како Египет, кои добиваат 85 проценти од житарките од Украина и Либан.

Украина и Русија произведуваат 30 проценти од светската пченица, 20 проценти од пченката и 75-80 проценти од сончогледовото масло, а Светската програма за храна купува 50 проценти од житарките од Украина, соопштил Бизли.

Во Германија никогаш полошо
Пораид украинската криза и драматичниот раст на цените на енергентите, Германија се соочува со рекордна инфлација.

Според соопштението на Статистичкиот завод, инфлацијата во март пораснала на 7,3 проценти.

Тоа е најголема инфлација во последните 40 години. Во февруари инфлацијата била на 5,1 процент.

Бајден ја симнува глобалната цена на нафтата
Добра вест е дека Џо Бајден разгледува пуштање на 180 милиони барели нафта од стратешките резерви на пазарот во текот на неколку месеци, јавува “Reuters”.

Тоа би било трет пат во последните шест месеци САД да ги користат своите стратешки резерви за да ја “оладат” цената на пазарот за нафта и воедно најголема количина пласирана на пазарот во речиси 50-годишната историја на “SPR”.

Веста за потенцијалното огромно ослободување на нафта од резервите на САД предезвикала моментален пад на цената на црното злато.

Американската нафта “WTI” за испорака во наредниот период паднала за 4,7 долари на 103,12 долари по барел, а цената на европската нафта “Brent” се спуштила за 4,45 долари, или за 3,9 проценти, на 109 долари по барел.

Бајден денеска ќе изнесе план за интервенција на неговата администрација на нафтениот пазар, соопштила Белата куќа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Полицијата во Дагестан испука предупредувачки истрели…

Полицијата во руската република Дагестан денеска испука…

Директорот на Фајзер се зарази со коронавирус…

Извршниот директор на Фајзер, Алберт Бурла (60)…

ФФМ повика на поддршка и апелира на…

„Ги повикуваме сите љубители на фудбалот и…

(Видео) Русите го одиграа првиот натпревар по…

Руската фудбалска репрезентација е исклучена од сите…

Африканската свинска чума се заканува да збрише…

Африканската свинска чума се заканува да збрише…