Ќе има измени во пресметките за платите: Се зголемува придонесот за пензиско, се намалува за невработеност
Во собраниска процедура се измени за времена корекција на зголемување на стапката за придонесот за задолжително пензиско и инвалидско осигурување и истовремено намалување на стапката за придонесот за осигурување во случај на невработеност, за периодот од јуни до декември 2026 година.
Со предлогот вкупната стапка на придонеси останува непроменета – 28% и не се зголемуваат трошоците за работодавачите по основ на придонеси.
За платите од јуни до декември 2026 година се предвидува стапката за придонесот за пензиско и инвалидско осигурување да изнесува 19,9%, наместо досегашните 18,8%, додека придонесот за осигурување во случај на невработеност се намалува за 0,1%, од претходните 1,2%.
Придонесот за здравствено осигурување останува непроменет и изнесува 7,5%, а придонесот за професионално здравје – 0,5%.
Предлогот меѓу друго предвидува и посебни решенија за пресметка на придонесите за стаж со зголемено траење, при што се утврдени различни процентуални стапки во зависност од условите на работа и начинот на признавање на стажот.
Предлогот веќе помина на двете собраниски комисии – Комисијата за финансирање и буџет и Законодавно-правната комисија, по што ќе оди на пленарна седница и се очекува негово усвојување по скратена постапка.
Истиот е поднесен од шест пратеници од владејачкото мнозинство.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Ќе има измени во пресметките за платите:…
Во собраниска процедура се измени за времена…
Стапува забрана за движење во шумите, казни…
Од 1 јули до 31 август ќе…
Посебни термини и посебни цени за мажите…
Општина Тетово објави дека до почетокот на…
Доцна синоќа е хоспитализиран Кире Михаилов, заменик…
Заменик директорот на Македонски шуми, Кире Михаилов,…
Во расправија за војната во поранешна Југославија,…
Судот во Виена осуди Хрват (56) на…