Ќе има ли повторно блокади на транспортерите на Западен Балкан?

t

Блокади на балканските граници кон ЕУ од страна на камионџиите се повторно актуелни, откако дел од регионалните медиуми објавија дека Европската комисија ги одбила предлозите, превозниците да ги третира како професионалци, а не како туристи, што е причина за нивна депортација по пречекорувањето на 90-дневниот престој во унијата.

Дополнителен проблем е новиот електронски систем за влез и излез, поради кој возачите брзо го достигнуваат лимитот и добиваат „црн печат“.

Од Министерството за транспорт експресно ги демантираат овие информции, нарекувајќи ги шпекулации и апелираат да не се потпаѓа на непроверени информации, особено од соседните држави. Оттаму велат дека со Европската комисија се работи на трајно решение во рамки на новата визна стратегија, дека е најавено одложување на примената на екетронскиот систем и дека дијалогот продолжува преку техничка работна група со засилена динамика.:

„Министерството за транспорт е во постојана комуникација со превозниците, како и со Европската комисија со цел изнаоѓање решение во рамки на новата визна стратегија која ја промовираше Европската Унија каде што се отвора можноста возачите да бидат третирани како професионалци како и можностите за друг вид визи. Би сакале да потенцираме дека е најавено одложување на примената на ЕЕС системот и дека активно сите чинители работат на решавање на овој проблем.“

Од „Макам-транс“ велат дека во новата визна стратегија на ЕУ статусот на професионален возач е признаен, но додека процедурите траат, неопходно е привремено решение до април, за што разговорите продолжуваат и нов состанок е закажан за две недели.

И Стопанската комора внимателно го следи овој случај. Првиот човек на Комората, Бранко Азески, вели дека оној што го ограничува движењето на луѓето и стоките го прави најголемото злосторство што може да постои, но сепак е оптимист дека решение е можно.

На крајот на јануари превозници од Македонија и регионот организираа координирани блокади на граничните премини поради строгата примена на правилото 90/180. Протестите беа прекинати по најавата дека Европската комисија ќе ја разгледа можноста за специјални визи за професионалните возачи. Тие велат дека не сакаат да завршуваат во притвори по европските држави поради пречекорување на престојот од 90 дена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе има ли повторно блокади на транспортерите…

Блокади на балканските граници кон ЕУ од…

Трагично заврши потрагата по исчезнатиот Виктор Илиоски…

Роднини и пријатели на социјалните мрежи се…

СДСМ: Сите патишта водат кон Будимпешта кај…

СДСМ во ФБ објава посочи дека „Будимпешта…

Брнабиќ: Вучиќ не кажа ниту еден лош…

Меѓународната секретарка на СНС, Ана Брнабиќ, денес…

Опозицискиот лидер Петер Маѓар вети дека ќе…

Лидерот на унгарската опозиција Петер Маѓар ја…