Ќе и зарибе моторот: Директорката на ДЗСИ, Бухова со државна картичка точи и бензин и дизел во ист автомобил
Директорката на државниот здравствен и санитарен инспекторат, службената картичка за гориво ја користела да полни и дизел и бензин во истата кола. Службеното возило Рено Клио 0.9 кое е задолжено на директорката Иринка Сотирова Бухова, според спецификациите на прозведувачот, како моторно гориво користи бензин, пренесува Алфа.
Серијата документи до кои дојде Алфа покaжуваат дека директорката во истото возило полнела и бензин и дизел. Дека Бухова се служела со ваквата пракса подолг временски период, како и дека од службената картичка таа често успевала да наполни дури и повеќе гориво од капацитетот на резервоарот, што го потвдуваат повеќе фискaлани сметки, како и други документи. Па се поставува прашањето, колку и чии возила користеле гориво платено од џебот на граѓаните, а со амин на директорката Бухова?
Алфа се обиде да добие одговори од повиканата, но, се заврши само на оправдувања дека во целиот случај заднината била политичка, односно внатре-партиска . Од Сотирова Бухова не добивме било какво објаснување, ниту пак одговор како е можно со државната картичка за исто возило да точи различен тип на гориво.
– „Наводите кои се предмет на Вашите прашања се апсолутни неосновани измислици, конструкции и предмет за внатре-партиски пресметики за задоволување на суетите и апетитите на поединци.“ – Изјави за Алфа директорка на ДЗСИ, Иринка Сотирова Бухова.
Извор: Алфа
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Белата куќа испрати меил со сите изјави…
Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…
Израел ќе реализира летови за репатријација на…
Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…
Трамп: Не гледам дека Москва или Пјонгјанг…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека не…
Моторџија од Србија е тешко повреден во…
„На 16.06.2025 во 15:00 часот во СВР…
Дете од Дебар е тешко повредено во…
Возач на автомобил вчера во Дебар удрил…