Објавено на:

Ќе прават реприза на Арачиново: Гутереш плави план за евакуација на заробените во “Азовстал”

t

Генералниот секретар на Обединетите нации, Антонио Гутереш, изјави дека се работи на план за евакуација на цивилите кои се наоѓаат во фабриката за челик „Азовстал“ во Мариупол.

Станува збор за многу сложена операција, со која начелно се согласи и претседателот на Русија, Владимир Путин, а договорено е деталите да бидат усогласени на состаноците кои во моментов се во тек – изјави Гутереш, пренесува „Би-би-си“.


Според Гутереш, операцијата е особено деликатна бидејќи во неа се вклучени луѓе кои не се во своите домови или јавни места, туку се наоѓаат во бункери во драматични услови.

Нашата цел е да ги евакуираме тие луѓе што побрзо, но јасно е дека прво мора да се обезбедат сите услови за тоа – вели Гутереш.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе му платат милијарди ако победи: Сопственикот…

Украинскиот милијардер Ринат Ахметов поднесе тужба против…

Гутереш: Купувате премногу фосилни горива, а тоа…

Многу земји сакаат да го зголемат производството…

Овде умре и надежта: Нема шанси за…

Невозможно е да се организира безбеден излез…

Телата на Азовците од Азовстал вратени во…

Десетици тела на украински војници кои загинаа…

Следуваат пеколни борби: Фабриката “Авдеев” може да…

Фабриката Авдеев би можела да стане втор…