Ќе се копаат улици пред избори: Општините масовно склучуваат договори за градежни работи во очи предизборната кампања

t

На веб-страницата за јавни набавки може да се забележи зголемена активност од страна на општините. Речиси низ цела Македонија предизборно се склучуваат договори за реконструкција на улици и останати градежни работи.

На пример Општина Гази Баба во овие три недели пред почетокот на предизборната кампања има склучено договори во вредност од 88,4 милиони денари.

Општина Аеродром во истиот период има склучено договори во вредност од 163,8 милиони денари.

Општина Кисела Вода склучила договори во вредност од 109,8 милиони денари.

Општина Делчево склучила договори во вредност од 41,3 милиони денари.

Општина Охрид склучила договори во вредност на 11,1 милиони денари.

Општина Виница склучила договори во вредност од речиси пет милиони денари.

Општина Штип склучила договори во вредност од нешто над 96 милиони денари.

Слични договори се склучени во повеќе општини низ цела Македонија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Ќе се копаат улици пред избори: Општините…

На веб-страницата за јавни набавки може да…

Кос: Очекуваме уставните промени во Северна Македонија…

Северна Македонија се обврза да го промени…

За една недела над 40 лица лишени…

Во рамки на тековните оперативни активности од…

Македонија воведува методологија за енергетска сиромаштија

Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини…

„Ќе бидеш моја или ќе бидеш мртва“…

Обвинителството го објави записникот од испитувањето на…