Ќе се плаќа за гледање видеа на ТикТок

t

Од ТикТок потврдија дека ја тестираат услугата за платени претплати, отворајќи ја можноста на креаторите на видео платформата да наплатат за својата содржина.

Сепак, компанијата не сподели детали за тоа кога би можела да се појави оваа опција на креаторите, колку создавачи моментално го тестираат или како би можела да изгледа структурата на претплатите.

Портпаролот на компанијата Захари Кизер во изјава за „The Verge“ вели дека претплатите се „концепт што е во фаза на тестирање“ и дека „секогаш се размислува за нови начини да се донесе вредност на нашата заедница и да се збогати искуството на ТикТок“.

Доколку оваа услуга биде усвоена, тоа ќе биде најновиот потег на ТикТок да им помогне на своите создавачи да ја монетизираат нивната содржина, откако во декември го претстави својот Creator Next центар со алатки за монетизација и ја претстави својата функција за оставање бакшиш на одредени создавачи, откако ја тестираше со помала група.

Тестот за платени претплатници на ТикТок следи по најавата на Инстаграм дека и тие започнуваат тест за платени претплати со мал број креатори и влијателни лица.

Претплатниците ќе плаќаат месечна претплата за пристап до ексклузивните содржини од создавачите што ги следат, вклучувајќи „сториња“ и видеа во живо. Различните нивоа ќе се движат по цена од 0,99 до 99,99 долари месечно во зависност од тоа што создавачот ќе одлучи да наплати, а виолетова значка ќе го означи статусот на претплатникот на создавачот/„инфлуенсерот“ во делот за коментари.

Од Инстаграм, кои се во сопственост на „Мета“, велат дека не планираат да ги намалат приходите од претплатата на креаторите најрано до следната година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Мојсоска: Психопат тепа бремена жена на…

*Објава на Фејсбук на пратеничката Јована Мојсоска:…

Албанија одлучи целосно да го забрани ТикТок

Албанската влада денеска донесе официјална одлука за…

Албанија ја блокира апликацијата Тик-Ток

Албанскиот премиер Еди Рама изјави дека платформата…

Маск: Не сум заинтересиран да го купам…

Како еден од потенцијалните купувачи на TikTok…

Microsoft преговара за преземање на TikTok

Американскиот претседател Доналд Трамп сугерираше дека Microsoft…